MotoGP ја објави првичната верзија на календарот за сезоната 2019.

Шампионатот кој ќе содржи 19 трки нема некои значителни промени. Првата трка ќе стартува во Катар на 10-ти Март, а последната ќе се вози во Валенсија на 17-ти Ноември. Следната сезона исто така нема да има нови трки со оглед на тоа дека Финска и Мексико беа приморани да го одложат влегувањето во шампионатот.

714940

Најголема промени има кај трките кои ќе се возат едно по друга. Во првата група се Мизано, Арагон и Асен додека пак Захсенринг ќе им се приклучи на трките во Брно и во Австрија. Ваквата промена доаѓа откако возачите се пожалија на згуснатиот распоред. Досега имаше само две Европски трки кои доаѓаа една по друга, со што се кратеше и летната пауза на само две недели.

00001

Back To Top