Уште една трка помалку во календарот за 2020, со денешната одлука на Дорна, и трката во Јапонија се откажува во целост.

„Со жалење Ве известуваме дека трката за ГН на Јапонија сме приморани да ја откажеме“ - стои во соопштението од Дорна, на кое се потпишани и ФИМ и ИРТА. „Заради справувањето со Корона вирусот, трката која требаше да се вози на 18-ти октомври на патеката Твин Ринг Мотеги во Јапонија е откажана. Легендарната трка е во МотоГП календарот од 1999 година, а Дорна со нетрпение го очекува враќањето на трките на оваа патека во 2021 година.“

 ds00470.jpg copia 0.big

„Жалам што оваа година нема да следиме трка во Јапонија, тоа ќе биде за прв пат во овој шампионат од 1986 година. МотоГП семејството работи напорно да ги врати трките во календарот за оваа сезона, но тоа мора да биде на безбеден начин. Со оглед на тоа што донесовме одлука во согласност со ФИМ, ИРТА и МСМА, трките да се возат во Европа до средината на ноември, сите трки кои се надвор од овој континент ќе бидат презакажани. Доколку ја презакажавме трката во јапонија за втората половина од ноември тоа ќе беше лоша одлука со оглед на временските услови во тој период од годината во Јапонија па моравме да ја откажеме.“ - изјави Кармело Ецпелета - претседател на Дорна.

Back To Top