MotoGP

МотоГП: Откажана и трката во Муџело

На листата на откажани трки за 2020 денеска беше додадена и легендарната Муџело.

Следете нè на:

На листата на откажани трки за 2020 денеска беше додадена и легендарната Муџело.

Иако претходно Дорна ја одложи трката во Италија заради Корона вирусот, денеска пристигна официјално соопштение според кое оваа сезона во Муџело нема да се одржи МотоГП трка.

IMGP7130 copy

Спектакуларната патека која првата трка ја организираше во 1976 година, и стана постојан дел од МотоГП календарот во 1991 година, во 2020 за прв пат нема да биде домаќин на најдобрите мотоциклисти во Светот.

„Со големо жалење морам да соопштам дека трката во Муџело е откажана. Не можеме да најдеме соодветна логистичка поддршка и заради бројните проблеми поврзани со Корона вирусот приморани сме да ја откажеме трката. Со гордост ја нарекувавме Италијанско Гранд При, а со искрено жалење соопштуваме дека оваа година нема да има трка во Тоскана. Од името на Дорна би сакал да им се заблагодарам на сите фанови за трпението и разбирањето додека очекуваме да се подобрат условите со вирусот.“ - изјави Кармело Ецпелета.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Во текот на вчерашнито ден на Марк Маркез му била извршена втора операција во болницата во Барселона.

Со денешното соопштение челниците на Дорна, ФИМ и ИРТА ставија крај на шпекулациите за годинешниот шампионат, отпаѓаат Аргентина, Тајланд и Малезија, а во календарот е додадена трка на 22 ноември на патека која дополнително ќе биде објавена но ќе биде во Европа.

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин и на втората трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Сезоната во брзински мотоциклизам требаше веќе да биде во полн ек, но заради пандемијата со вирусот исто како и во Светски рамки и локалните шампионати беа одложени. Разговараме со Хрситијан Бузалковски за актуелната состојба и неговите размислувања за претстојната сезона.

Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти. Ако пак сакате подолга авантура, тогаш Africa Twin Adventure Sports ES моделите се одлична опција за вас со оглед на тоа дека имаат дополнителна опрема, електронски контролирана суспензија, прилагодливо ветробранско стакло, поголем резервоар за гориво и уште неколку други додатоци.

Првата трка од сезоната во МотоГП шампионатот донесе многу возбудувања, фантастичен викенд за младиот Фабио Квартараро и катастрофа за актуелниот шампион Марк Маркез.

Реклами

Листа на мото настани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.