Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Дани Педроса не сакаше да открие премногу информации околу неговата иднина, но речиси сите знаеа дека 31 годишниот возач преговараше со новиот тим Sepang Yamaha, кој има поддршка од Petronas. А самиот Педроса дури и ја одложи одлуката за пензионирање откако се интензивираа разговорите со Yamaha.

Сепак, на крајот Шпанецот одлучи дека е време да ја заврши својата кариера. Педроса им се заблагодари на Sepang и на Yamaha за трпението кое го имаа во преговорите со него.

„Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор“ , изјави Разлан Разали, извршен директор на Sepang.

„Тој разговараше со Yamaha кои го уверија дека ќе му ја дадат целата поддршка која му е потребна. Истото го сторив и јас кога бевме на состанок заедно со извршниот директор на Dorna, Кармело Езпелета.“

„Но кога возачот не е ментално подготвен за тркање, не можете да направите многу. Но имавме сериозна дискусија. Сепак, на крајот на денот, тој ми се јави и ми се заблагодари за понудата. Ми се извини што не ми даде одговор и порано. Го разбирам бидејќи ова беше голема одлука за него. Тој беше навистина професионален.“

Пред да се оддржат разговорите со Педроса, Sepang беше поврзуван со уште еден познат MotoGP возач, три – кратниот светскиот шампион Хорхе Лоренцо.Сепак, во тој момент тие се уште немаа потврда дали ќе бидат дел од серијата во сезоната 2019.

„Во тој момент, сопствен MotoGP тим беше само концепт“, изјави Разали. „Ништо не беше сигурно и затоа не можевме да имаме сериозни разговори со ниту еден возач. Одеднаш почнаа да се појавуваат гласини дека правиме мотоцикл кој ќе биде специјално наменет за Лоренцо. А тоа не беше точно.“

„Тој изненади многумина кога одлучи да премине во Honda. Но тоа е во ред бидејќи и онака тој ќе беше премногу скап за нас.“

Одлуката на Педроса и Лоренцо да не потпишат договор исто така влијаеше и врз тоа каква машина ќе има тимот. За прв пат Yamaha му понуди на Sepang да има мотоцикл чии што спецификации се многу слични со оние на фабричките мотоцикли. Секако, тоа и би чинело повеќе.

За да потпишат договор со Педроса, тимот мора да располага со мотоцикл кој има добри спецификации а Разали откри дека Petronas е подготвен да финансира два такви мотоцикли.

Petronas txt 1 22 01 2019

„Сакаме да бидеме компетитивни. Не сакаме да бидеме само дел од оваа серија и поради тоа одлучивме да преговараме и да имаме фабричка машина. Првично планиравме два вакви мотоцикли но потоа Педроса одлучи да не потпише договор со нашиот тим“, вели Разали.

„Секогаш постоеше можност да потпишеме договор со Френки. Тој ни беше дел од плановите без разлика на тоа дали еден од возачите ќе биде Лоренцо или Педроса. Плус, првичната идеја ни беше и Френки да има фабрички мотоцикл.“

Кога Педроса одлучи да се пензионира, Sepang, Petronas и Yamaha решија да ризикуваат и да потпишат договор со Фабио Куартараро кој својата прва сезона во премиерната класа ќе ја помине на мотоцикл кој ќе има послаби спецификации.

„Кога размислувавме за тоа кој да биде втор возач во тимот, сакавме да биде некој помлад. Но конечната одлука не ја донесовме сами. Затоа разговаравме и со Yamaha. Беа споменати неколку имиња но на крајот се одлучивме за Куартараро. Сите беа задоволни бидејќи знаеме од каде доаѓа и каков му е досегашниот напредок. Мислам дека тој има голем потенцијал и среќни сме што ќе му дадеме шанса. “

Првиот Малезински MotoGP тим, Petronas Yamaha, ќе го има своето официјално претставување во Куала Лумпур на 28-ми Јануари.

Дани Педроса, кој неодамна откри дека претседателот на HRC, Јошихиде Номура, му соопшти дека е премногу мал за да биде тест возач, потпиша договор и во иднина ќе тестира за тимот на КТМ.

Шпанецот во моментов се опоравува од повредата на клучната коска.

Back To Top