Petronas SRT ги претстави новите мотоцикли со кои ќе настапат во сезоната 2019. За време на презентацијата која се одржа во Куала Лумпур, тимот покрај Yamaha MotoGP машините со кои ќе настапат Франко Морбидели и Фабио Куартараро, ги прикажа и Moto2 и Moto3 мотоциклите со кои ќе настапат Каурил Идхам односно Џон МекФи и Ајоми Сасаки.

На презентацијата беше и извршниот директор на Petronas, една од најголемите нафтени компании во светот. Ова само покажува колку се сериозни намерите на Малезискиот тим и дека планираат да бидат конкурентни во сите три категории.

Petronas TXT 2 29 01

Во својот говор за време на презентацијата, Разлан Разали порача: „Ова претставување  ја покажува нашата намера да бидеме сериозен ривал во новата MotoGP сезона. Досега ова беше неверојатно патување и се надеваме дека така ќе продолжи и во иднина. Ова им го посветувам на сите Малезиски фанови кои не поддржуваат од 1991 година. Поминавме долг пат и тука сме благодарение на Малезиската MotoGP трка. “

„Досегашното патување го одбележа напорната работа на Petronas и Yamaha. Без прекин работевме за да бидеме подготвени за презентацијата како и за тестот кој ќе се оддржи на патеката во Сепанг во Фебруари. Знаеме дека пред нас има уште многу работа, но денеска сакаме да бидеме горди на се она што успеавме да го постигнеме.“

Petronas TXT 1 29 01

„Многу сум среќен што денеска покрај Petronas можам да ви ги претставам и нашите нови возачи“, изјави тимскиот директор Јохан Штигефелт. „Навистина сум среќен што возачите во сите три тима ќе имаат ист изглед. Тоа и ни беше целта,  сите да бидеме обединети. Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите партнери кои овозможија да се развие овој проект. “

„Во многу скоро време повторно ќе се вратиме на патеката. Ќе започнеме со MotoGP возачите кои ќе можат да уживаат со новите мотоцикли. Планираме обемни тестови и покрај тоа што некој од возачите имаат искуство со Yamaha. Не очекува многу работа и тоа ќе биде предизвик за Франко и Фабио.“

„За Moto2 и Moto3 планираме три дена тестови. Имавме добри тестови кон крајот на минатата година и планираме да продолжиме да работиме напорно за да бидеме подготвени за првиот официјален тест кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на февруари.“

Back To Top