Данило Петручи постигна најдобар резултат на првиот од дво-дневните тестови кои се оддржуваат на патеката во Херез. На втората позиција се најде уште еден Италијанец, Андреа Довициозо. На третото место на тестот, кој е последен за оваа година, се најде возачот на  LCR Honda, Такааки Накагами.

Зборувајќи веднаш после тестот, Петручи изјави: „Навистина сум задоволен од тоа како се одвиваа работите денеска. Секогаш е добро кога го завршувате денот на првата позиција. Особено ми се допаѓаше чувството кое го имав со пневматиците. Секогаш се чувствував добро на мотоциклот, исто како и на тестот во Валенсија.

motogp petruci

За мене ова е важно бидејќи не сменивме речиси ништо во однос на сетапот и се помина во најдобар ред. Денеска не се фокусиравме да постигнеме најдобро време туку работевме на темпото и испробавме некои нови компоненти кои ни дадоа навистина важни информации. Навистина сум задоволен од тоа како работиме заедно како тим.“

91747638 page 001

Back To Top