MotoGP

МотоГП: Пол позиција за Лоренцо на Лагуна Сека

motori ls-lorenzoХорхе Лоренцо ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за ГН на Ред Бул која се вози на патеката Лагуна Сека во САД. Возачот на Јамаха тимот забележа време од 1'20.554 кое претставува нов рекорд на патеката. 

Следете нè на:

 

ls-lorenzo

Хорхе Лоренцо ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за ГН на Ред Бул која се вози на патеката Лагуна Сека во САД. Возачот на Јамаха тимот забележа време од 1'20.554 кое претставува нов рекорд на патеката. Друштво во првиот ред на Лоренцо ќе му прават возачите на Хонда, Дани Педроза и Кејси Стонер.

ls-stoner

Квалификациската сесија за разлика од третиот тренинг се одржа на одлични временски услови. Сончевото време на „Mazda Raceway“ им овозможи на возачите од самиот почеток на сесијата да ја поминат границата од 1'21, а по само 8 минути Хорхе Лоренцо дојде до најбрзото време викендов, 1'20.899! Две минути подоцна и Педроза го достигна времето од 1'20, но 7 десетинки побавно од она на Лоренцо.

ls-pedrosa

За Валентино Роси квалификациите не започнаа најдобро, но годинава тоа воопшто не е изненадувачки па така Докторот по 15 минути имаше само 12-то време. Тој иако имаше најголема брзина на патеката (266.46 км/ч) на 40 минути пред крајот на сесијата успеа да се искачи само до 10-то место. За споредба, максималната брзина на Хорхе Лоренцо беше 261.18 км/ч.

На половина од сесијата Лоренцо сеуште ја имаше провизорната пол позиција, а тој и Педроза беа единствените возачи со време под границата од 1'20. Но како што е вообичаено, вистинските возбудувања на квалификациите започнуваат на 15-на минути пред крајот на сесијата. Во меѓувреме Штефан Брадл за малку по втор пат ќе завршеше надвор од патеката, за среќа Германецот се задржа на моторот и дојде до шестата позиција.

ls-rossi

На 18 минути до крајот на квалификациите табелата изгледаше вака: Лоренцо, Педроза, Спиз, Стонер, Баутиста, Довициозо, Брадл, Крачлоу, Хејден, Роси..

На само 10 минути до крајот на квалификациите Бен Спиз излета во свиокот број 3. Американецот доживеа навистина голем пад, тој со поткуцнување замина од местото на падот и за него тоа значеше мал застој во квалификациите. На патеката се врати на само 5 минути до крајот, веднаш по неговиот пад Кејси Стонер успеа да дојде до третата позиција, а Лоренцо го зголеми водството со време од 1'20.881.

ls-spies

На 6 минути до крајот на сесијата времето од 1'20.693 кое го постави Лоренцо беше официјално новиот рекорд на патеката. До крајот на квалификациите неговото време го подобри Кејси Стонер, но Лоренцо го возврати ударот во последните секунди од квалификациите и со време од 1'20.554 утрешната трка ќе ја започне од првата позиција.

Поз.Бр.ВозачТимКм/чВреме
1 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 267.7 1'20.554
2 1 Casey STONER Repsol Honda Team 267.1 1'20.628
3 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 267.4 1'20.906
4 11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 263.7 1'21.094
5 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 265.1 1'21.268
6 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 263.4 1'21.539
7 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 265.8 1'21.732
8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team 266.1 1'21.734
9 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 260.6 1'21.753
10 46 Valentino ROSSI Ducati Team 268.1 1'22.544
11 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 253.9 1'22.886
12 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 252.9 1'23.075
13 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing 255.4 1'23.699
14 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing 260.1 1'23.704
15 68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 253.6 1'23.769
16 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 255.9 1'23.877
17 24 Toni ELIAS Pramac Racing Team 258.3 1'23.898
18 54 Mattia PASINI Speed Master 246.5 1'24.017
19 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 245.7 1'24.227
20 22 Ivan SILVA Avintia Blusens 246.8 1'24.560
21 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 251.2 1'24.715
15 Steve RAPP Attack Performance 245.2 1'26.887

Tрката во недела започнува во 23.00 часот по наше време и може да се следи на обичниот SportKlub канал или преку стриминг на sportlemon.tv/c-10.html.

Би можело да ве интересира

„Очекуваше извинување. За што да се извинам? Јас бев оној кој излета надвор од патеката“ – Џек Милер

Фабио Куартараро продолжи онаму каде што застана на минатата трка и постигна најдобро време на првиот слободен тренинг на својата домашна MotoGP трка.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Борбата за првото место на табелата во MotoGP шампионатот достигна ново ниво.

„Ле Ман е патека која многу ми се допаѓа и вообичаено Yamaha е компетитивна тука“ – Валентино Роси

Овој викенд Марк Маркез може да ја постигне 300-тата победа за Honda во премиерната класа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.