MotoGP

MotoGP: Repsol Honda го објаснува договорот со Алекс Маркез

„Секој возач кој освоил шампионска титула заслужува ваква можност“ – Алберто Пуиг.

Следете нè на:

 

„Секој возач кој освоил шампионска титула заслужува ваква можност“ – Алберто Пуиг.

Седум години откако потпишаа договор со Марк Маркез, Repsol Honda потпиша договор со уште еден дебитант во MotoGP. Овој пат тоа е Алекс Маркез.

Браќата сега ќе формираат уникатно партнерство а двајцата заедно ќе имаат десет титули. Во 2020 година Алекс ќе го замени сега веќе пензионираниот Хорхе Лоренцо.

Иако повеќето добри возачи имаат договори со тимовите најмалку до крајот на следната сезона, тимот сепак се одлучи за Алекс иако можеше да потпише договор и со Јохан Зарко, Кал Кратчлоу и Такааки Накагами.

Марк веќе изјави дека сака неговиот брат да му биде тимски колега но потенцираше дека не извршил никаков притисок врз тимот. Но со оглед на тоа дека актулниот шампион се уште преговара за продолжување на договорот со Honda,  многумина веруваат дека тимот не сакал да си дозволи да го вознемири Шпанецот, кој речиси сам освои три титули оваа сезона.

Alex Marc txt 1 19 11

Тимскиот менаџер, Алберто Пуиг ги отфрли ваквите шпекулации и порача дека тимот ќе потпишел договор со Алекс дури и тој да не го имал познатото презиме.

„Започнавме да размислуваме за нов возач од моментот кога ја дознавме одлуката на Хорхе. После долги преговори конечно одлучивме“, изјави Пуиг.

Да се промовира еден од возачите на LCR не било опција бидејќи тоа само дополнително ќе ги искомпликувало работите. „За да ги направите работите поедноставни, само го менувате возачот кој си заминува.“

Алекс е одбран поради неговите резултати но и поради возраста.

„Одлуката е донесена најмногу поради неговите резултати од минатата година.Тој е шампион во Moto2 и тоа е навистина важно кога носите ваква одлука.“

„Исто така е точно и дека размислуваме за иднината. Затоа се решивме да му дадеме шанса и веруваме дека ова ќе биде одлична можност за него.“

„Да го тргнеме презимето на страна, секој возач кој освоил титула заслужува ваква можност.“

Alex Marc txt 2 19 11

Пуиг инсистира дека Марк не извршил никаков притисок тимот да потпише договор со неговиот брат, но признава дека е среќен со таквата одлука.

„Можам да ви потврдам дека Марк немаше никакво влијание врз изборот. Но секако дека е среќен поради нашата одлука. Тоа е нормално. Но ние не преговаравме со Марк туку со Алекс и со неговиот менаџер.“

Но она што не е нормално, како што вели Пуиг, е тоа дека за еден MotoGP  ќе настапат браќа.

„Мораме да признаеме дека ова е малку необично. Мислам дека никогаш досега немало нешто вакво во трките,“ вели поранешниот Гран При возач.

„Но таква е состојбата. Ако Алекс не ја освоеше титулата ние немаше да му ја дадеме оваа можност. Но тој стана шампион. Следната сезона, покрај тоа што се браќа тие ќе бидат и ривали.“

Во однос на тоа какви ќе бидат релациите внатре ви тимот, Пуиг вели: „Искрено, мене воопшто не ми пречи тоа што се браќа. Тие се двајца возачи и секој мора да биде одговорен за своите постапки.  Но и тимот мора да ја разбере нивната ситуација и  да се однесува на вистинскиот начин.“

Alex Marc txt 3 19 11

Со оглед на тоа што Алекс има едногодишен договор, дали постои дополнителен притисок да има што е можно подобар настап?

„Мислам дека главното нешто не е притисокот туку дека оваа категорија е далеку потешка.Тоа е главниот проблем. MotoGP класата е навистина комплицирана и има голем притисок. Мораш да се справиш со тоа доколку сакаш да ја освоиш титулата.“

„Во моментов Алекс треба да се фокусира и да учи што е можно повеќе.  Треба да ги научи пневматиците и како да се справи со овие видови на мотоцикли. “

Алекс Маркез ќе настапи на тестот во Валенсија оваа недела иако заедно со Кал Кратчлоу ќе вози со мотоциклот на LCR. Сепак Пуиг потврди дека Алекс следната сезона ќе настапи со најновата машина.

Да му се даде еден од најдобрите мотоцикли на патеката на дебитант е голем ризик, нешто што Honda не го направила уште од 2012 година кога потпиша договор со Марк.

„Тркањето е ризик“, вели Пуиг.

Во моменто се уште останува непозната иднината на Јохан Зарко. Тој има опција да премине во Avintia Ducati но и би можел да го преземе местото на Алекс Маркез во Marc VDS Moto2 тимот.

Дел од MotoGP се и браќата Еспаргаро, Алеш и Пол, кој возат за Aprilia односно КТМ.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Вејн Рејни повторно седна на мотоциклот. Овојпат заедно со Кени Робертс и Еди Лосон настапи на патеката во Suzuka, нешто што се нема случено од 1993 година.

Во изминативе две години, BMW тивко работи на мотоцикл кој ќе има електричен погон.

Погледнете како Хамилтон вози со мотоциклот на Роси а Италијанецот настапува со болидот на Mercedes.

HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори.

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.