Конечно добри вести за љубителите на МотоГП, денеска беше објавен официјалниот календар според кој сезоната конечно ќе започне на 19-ти јули со трката во Херез.

Откако пристигнаа неколку известувања за откажани трки, во јавноста се погласно се шпекулираше дека оваа сезона воопшто нема да видиме трки од МотоГП шампионатот. Сепак денеска Дорна го објави официјалниот календар во кој се заведени 13 трки со дефиниран датум, и уште 4 за кои до 31-ви јули треба да се потврди датумот.

new calendar 2020 2.big

Она што е интересно е дека Дорна се одлучи за повеќе трки на една пратека со различно име на Гранд При-то. Сезоната ќе започне на 19-ти јули со трката во Херез, а за една недела подоцна повторне ќе следиме трка на истата патека. Потоа МотоГП се сели во Чешка на патеката Брно каде ќе има една трка на 9-ти август, а потоа ќе проследиме две трки на Шпилберг во Австрија. Мизано ќе биде домаќин на две трки, на 13 и 20 септември, а потоа Каталуња на една трка закажана за 27-ми септември. Една трка ќе следиме и во Франција на Ле Ман на 11-ти октомври, за потоа да проследиме две трки на патеката Арагон во Шпанија на 18-ти и 25-ти октомври. МотоГП шампионатот ќе остане во Европа за следните две трки кои ќе се возат во Валенсија на 8-ми и 15-ти ноември. Останува да се дефинираат датумите за трките во САД, Аргентина, Тајланд и Малезија.

Back To Top