MotoGP

MotoGP: Скот Рединг: Единственото нешто кое посакувам да го направев....

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

Следете нè на:

 

Валенсија, не е само патеката на која се оддржа последната трка од шампионатот туку и место кое нуди простор за размислување. Тука завршува долгата и напорна сезона и може да се оценат какви биле перформансите и стратегиите на тимовите.

Во однос на Скот Рединг, последната трка од сезоната 2018 беше можност не само да се оцени неговиот пет годишен настап како MotoGP возач туку и целокупниот негов настап откако за прв пат се појави на патеката во 2008 година на трката во Катар.Тогаш, 15 годишното момче го најави својот потенцијал откако успеа да ја стартува трката од првиот ред.

Во пресрет на неговата последнат трка во MotoGP, Англичанецот откри дека е среќен што доаѓа крајот на неговите настапи во серијата. Како што веќе и претходно има откриено, настапот во Британскиот Супербајк шампионат го смета за нов предизвик но и можност повторно да се бори за победи.

Иако со нетрпение го очекува новиот предизвик, сепак Рединг вели дека жали поради едно нешто, единственото нешто кое му побегна. Секако, мисли на Moto2 сезоната 2013 кога за малку не успеа да стане првиот Британски шампион по 1977 година. Ова се чини дека се уште го мачи 26 годишниот возач.

„Единственото нешто за кое жалам е што не успеав да ја освојат титулата во Moto2. Тоа беше единственото на кое мислев и навистина бев нервозен после тоа“, изјави Рединг. Британецот ни откри и како се чувствувал неделите и месеците после неуспехот.

„Тие почнаа да го пишуваат моето име на трофејот“

Scott Redding Text 1 16 01 2019 min

Рединг не размислуваше премногу на прашањето кој е најдобриот тим за кој настапил. „Тоа беше VDS бидејќи поради нив сум човекот кој го гледате денеска пред вас. Кога Мајкл ме донесе во тимот, тој ги донесе и вистинските луѓе кои работеа со мене. Работев со Пит Бенсон. Поради него за малку ќе дојдев до титулата. Многумина не знаат да ми се спротистават но Пит не беше таков. Тој имаше храброст и го почитував поради тоа.Тој имаше големо трпение со мене. Можеше да види дека имам потенцијал само требаше да ме насочи по вистинскиот правец.  Имав одличен период заедно со Мајкл, Пит и сите кои беа дел од VDS.“

Добриот настап во сезоната 2012 како и преминот на Маркез во премиерната класа, за многумина значеше дека сега доаѓа времето на Рединг. А според времињата кои ги постигна на зимските тестирања, се чинеше дека тоа ќе биде негова сезона.

Победите во Ле Ман и Мугело беа сосема спротивни од настапот на Пол Еспаргаро кој се мачеше на почетокот на сезоната. После победата во Силверстоун, неговиот најблизок ривал заостануваше дури 38 поени. На шест трки до крајот, Рединг беше главен фаворит за победа.

Сепак, промената на задната гума значеше дека и Рединг ќе мора да го промени својот стил на возење. А Еспаргаро не се откажуваше до самиот крај. Откако во директен дуел победи на трките во Катар и Асен, Каталонецот го задржа фокусот и на трките кои се оддржуваа есента. Во Мисано разликата меѓу двајцата возачи изнесуваше 15 поени, а потоа следуваа и двата подиума на трките во Арагон и Сепанг.

Scott Redding Text 3 16 01 2019 min copy

„Единственото нешто за кое жалам е што не ја освоив титулата во Moto2. Би направил се за да можам да го вратам времето назад. Се што правев во мојата досегашна кариера беше со цел да ја освојам титулата. Бевме навистина блиску, а видов и една кацига со специјална намена за мене. Сигурен сум дека и започнаа да го пишуваат моето име на трофејот.“

„Работите воопшто не беа фер. После летната пауза Dunlop ги промени пневматиците и ми беше потешко за возење. Успеав да се адаптирам но другите возачи имаа голема предност. “

На трката која се возеше на Филип Ајленд имаше голем притисок. Разочарувачката трка во Сепанг ја намали разликата на само 9 поени. Но и на следните три трки тој загуби од Еспаргаро. Работите не беа подобри ниту на тренингот каде што Англичанецот имаше проблем со задната гума.

„Се сеќавам на Филип Ајленд“, вели Рединг. „Губев во последниот сектор и му кажав на Пит дека имам проблем. Ми кажа да притиснам повеќе, дека ова е мојата шанса. Го направив тоа и на крајот се случи она што се случи. “

„ Ми се закочи предното тркало и не знаев каде се движам. После тоа се најдов долу на патеката и не ја чувствував раката. Дотогаш ниту една не сум скршил коска, а верувајте ми кога ќе ви кажам, имав неколку страшни падови. Знаев дека е скршена но мозокот ми велеше нешто друго. Станувај! Се работи за титулата! Ќе бидеш добро! Но работите не беа добри. Се качив на скутерот кој ме однесе до болницата и тогаш видов дека зглобот на раката ми виси надолу.“

„Постојано си велев дека не е ништо страшно. Ќе имам операција и утре ќе се вратам на патеката. Но не ми кажаа дека ако сум под анестезија, следниот ден нема да можам да возам. Немав скршено коска дотогаш и не знаев што се случува. И никој не успеа да ми каже што ме очекува.“

„Им пратив порака следниот ден и им кажав дека сум подготвен за тркање. Не, не можеш, ми одговорија. Трката беше скратена на десет круга. Сигурен сум дека можев да возам со метална плочка на зглобот.“

„Тоа беше единствената трка која ја гледав на телевизија и бев многу нервозен. И се случи токму најлошото, Еспаргаро победи. Лежев во болницата и размислував. Зошто се случи ова? Зошто токму јас?“

После трката во Австралија Еспаргаро го презеде водството за прв пат после Март таа година. А Рединг беше во трка со времето за да се подготви за настап на трката во Јапонија. 16 поени заостанување од својот ривал, Рединг во никој случај не смееше да ја пропушти претпоследната трка од сезоната.

Scott Redding Text 4 16 01 2019

„Не се откажав од настап на трката во Јапонија. Успеав да се изборам за да ме пуштат да се тркам. Немаше никаква шанса да ја пропуштам можноста. Но не сакаа да ми дадат дозвола и покрај тоа што бев меѓу најдобрите тројца возачи за време на сесијата. На крајот се квалификував на 13-тата позиција, а на патеката имаше 36 возачи. Еден возач излета. Тоа беше пресвртната точка. Лежев долу на патеката и ја чувствував истата болка како и една недела претходно.“

„Лежев на патеката и очекував дека ќе ме удри некој од другите возачи. Си помислив дека моето рамо е изместено, а грбот ми потече многу. Имав болки насекаде и долго време не можев добро да се движам.“

„Лежев и си мислев. Зошто јас? Што направив? Медицинските лица ме однесоа, а во тој момент чувствував голема болка. Докторите ми кажаа дека ако повторно имам повреда на зглобот, толку е со мојата тркачка кариера. Додека возев во тој момент бев во најдобрата форма во кариерата.“

Но на последната трка во опасност дојде и втората позиција во генералниот пласман. Мораше да собере храброст и да извози до крај, а да одмара во текот на зимската пауза.

„Заминавме на трката во Валенсија и можев да се најдам на третото место на табелата. Морав да освојам барем еден поен во случај Тито да се најде на подиумот. Морав да ја извозам трката со скршен зглоб и голем оток на грбот.“

„Како надополнување на сите проблеми, пред стартот на трката ми падна и забот. Се свртев кон Пит и му кажав: Не знам на кого нешто сум му згрешил, но работите едноставно не се случуваат како треба.“

„Завршив на тринаесетата позиција и успеав да освојам поен. На крајот бев втор во шампионатот. Посакувам само да направев нешто поинаку. Тимот беше одличен. Мајкл ме тераше да правам работи кои не сакав да ги правам. Знаеше дека можам да бидам добар. Се уште можам да освојам титула но таа треба да биде во Супербајк серијата. Ако не успеав ни тоа да го направам, кој знае, можеби ќе се испробам и во бокс.“

Би можело да ве интересира

„Очекуваше извинување. За што да се извинам? Јас бев оној кој излета надвор од патеката“ – Џек Милер

Фабио Куартараро продолжи онаму каде што застана на минатата трка и постигна најдобро време на првиот слободен тренинг на својата домашна MotoGP трка.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Борбата за првото место на табелата во MotoGP шампионатот достигна ново ниво.

„Ле Ман е патека која многу ми се допаѓа и вообичаено Yamaha е компетитивна тука“ – Валентино Роси

Овој викенд Марк Маркез може да ја постигне 300-тата победа за Honda во премиерната класа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.