MotoGP

MotoGP: Шпанското безалкохолно пиво „Естела Галиција“ ќе ги поддржи Маркез и Педроса

Брендот веќе подолго време е спонзор на Марк Маркез, и преминувањето во премиерната класа заедно со Шпанецот е логичен чекор на нивниот спонзорски договор.

Следете нè на:

 

estrella-markezМарк Маркез на презентацијата на својот спонзор

Брендот веќе подолго време е спонзор на Марк Маркез, и преминувањето во премиерната класа заедно со Шпанецот е логичен чекор на нивниот спонзорски договор.

МотоГП тимот HRC објави дека Шпанското безалкохолно пиво Естела Галиција 0,0 ќе стане спонзор на Honda Repsol. Овој бренд веќе подолго време е спонзор на Марк Маркез, и преминувањето во премиерната класа заедно со Шпанецот е логичен чекор на нивниот спонзорски договор. Брендот ќе го има на моторот на Маркез и на неговиот тимски колега Дани Педроса.

Подолу е официјалното соопшение издадено од HRC

Естела Галиција 0,0 се приклучи на светските мото трки преку Honda Racing корпорацијата.

Естела Галиција 0,0 направи важен чекор напред во својата посветеност на мото трките, станувајќи партнер на Honda Racing корпорацијата во сезоната 2013.

Познатите светски шампиони Фреди Спенсер, Мик Дуан, Алекс Кривие и Кејси Стонер станаа светски шампиони со тимот на Хонда, а оваа година за прв пат по Кривие и Жиберно, двајца шпански возачи ќе ги бранат боите на овој тим. Искусниот Дани Педроса и почетникот Марк Маркез ќе бидат највозбудливото дуо за коe ќе навиваат шпанските навивачи. Естела Галиција исто така ќе стане официјално пиво на собирите на HRC.

Ова е трета сезона како Естела Галиција 0,0 е присутна во MotoGP светскиот шампионат, подржувајќи го Марк Маркез и минатата година кога победи на светскиот шампионат во Мото2. Овој бренд сега прави чекор погоре, преминувајќи во премиерната класа заедно со возачите на HRC  Пердоса и Маркез. Педроса, кој заврши на второто место во светскиот шампионат минатата година, има големо искуство во премиерната класа и ќе биде еден од фаворитите за титулата оваа сезона. Првите фотографии од возачите, облечени во нивната нова униформа со логото на Естела Галиција 0,0 ќе бидат објавени на 24ти март, по официјалната презентација на тимот во Мадрид каде што ќе го прикажат новиот мотор RC 213V.

Би можело да ве интересира

Веќе долги години Suzuki работи напорно од своето седиште во Хамамацу.

„ Во суштина, ние се уште имаме проблеми со тракцијата и со максималната брзина. Ова е главното нешто кое ни недостасува во споредба со останатите “ - Франко Морбидели

Викендов на патеката во Серез, Грција, започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.