MotoGP

MotoGP стана многу помалку наука, а многу повеќе уметност

Добрите возачи го менуваат спортот во кој се натпреваруваат и Маркез воопшто не е поинаков.

Следете нè на:

 

Има една многу честа грешка во математиката која ја прават речиси сите спортисти. Сите тие велат дека даваат 110 проценти од себе, а некои дури и 1000 проценти. Логиката пак ни вели дека не можете да дадете повеќе од 100 проценти бидејќи ако го направите тоа, најверојатно ќе колабрирате или починете од преголемиот замор. Тоа нема да им дозволи да се израдуваат на победата но исто така ќе им ја прекине и кариерата.

Секако, кога го зборуваат тоа, сите велат дека во суштина ќе го дадат максимумот за да ја остварат целта.

marc marquez motogp qatar test repsol honda

Некои пак не претеруваат со своите предвидувања и едноставно велат дека ќе дадат 100 проценти. А еден од возачите кои припаѓаат на оваа група е и Марк Маркез. Може и да се направи студија која ќе потврди дека Маркез е возачот кој најмногу се доближува до лимитот. Секако, тој има голем број на можности за тренинг. Познатиот Кевин Камерон пак вели дека успехот на Маркез пред се се должи на неговата техника.

На тестот кој се оддржа во петокот во Катар, видовме уште еден добар настап на Маркез. Возачот на Pramac Ducati, Џек Милер, од прв ред имаше можност да гледа што се случува.

„Му дозволив да ме претекне во свиокот број 6. Мислам дека тоа беше најдобриот потег во текот на изминативе тестови. Траеше прилично долго и тој возеше по самиот крај на патеката,“ изјави Милер. „Постојано си велев дека ќе падне, но тоа не се случи. Тој се исправи и повторно продолжи да вози во ист стил.“

„Точно е, денеска имав проблеми со предниот пневматик,“ изјави Макрез и го потврди ставот на Милер дека успеал да се спаси и да не излета од патеката. „Ги проверив податоците и видов дека аголот на навалување е 66 проценти. Тоа беше дури и повеќе од она во Валенсија но тогаш успеав да се спасам. Секако дека кога имате таков проблем, воопшто не е пријатно но сепак на крајот, таков е мојот стил на возење.“

Проблемот е во тоа што ова не е првиот ваков инцидент. „Додека се наоѓав зад Марк забележав дека истото му се случи можеби шест пати во рок од два круга. Беше неверојатно да се гледа како вози. Изгледаше како навистина да има проблеми. И јас имав слични проблеми но не притискав премногу. Тој го правеше токму спротивното. Дури и падот кој го имаше во свиокот број 2  не беше нормален пад. Тој излета дури пред крајот на свиокот.“

„Откако го видов како вози, тоа направи да се чувствувам како да се жалам премногу за проблемите кои ги имам јас со предното тркало,“ вели Милер. „Притискаше посебно многу во трите најбрзи свиоци. Во првиот свиок изгуби контрола над предното тркало и премногу широко ја фати кривината. Во вториот свиок влезе уште посилно. Се чинеше како намерно да си бара проблеми. Едноставно продолжи да притиска.“

jack miller qatar test motogp

Добрите возачи го менуваат спортот во кој се натпреваруваат и Маркез воопшто не е поинаков.

Мик Дуан одбира мотоцикли кој што може само тој да ги вози и ги користи за да ја уништи конкуренцијата. Валентино Роси вели дека тркачката слава се стекнува во борба и тоа го донесе во трките. Кејси Стонер вели дека секое време кога не возите најбрзо што можете е залудно потрошено време. Марк Маркез го истражува лимитот, редефинирајќи го она колку возачите треба притиснат за да го извадат максимумот. Маркез го бара лимитот во секој круг што го поминува, без разлика на тоа дали се работи за тренинг или трка. Секај пат се обидува што е можно подобро да го научи мотоциклот и пневматиците.

Оваа сезона ги дуплираше напорите кои ги вложува. Извозе повеќе круга и остана подолго на патеката во споредба со неговите ривали. Доколку некој сака да го стигне, тогаш ќе мора да вложи исто колку и Маркез. Или пак ќе мораат да измислат некој нов начин за како да го победат Шпанецот. Иако Маркез беше задоволен од својот настап на вториот ден од тестовите, сепак виде колку е брз Довициозо на правец.

„Доколку ги проверите времињата, ќе видите дека тој беше многу, многу брз. Можеби не притисна 100 проценти но беше многу конзистентен. Во моментов ние сме можеби шест до седум десетинки зад нив. Нашата цел за утре е разликата да ја направиме три до четири десетинки. Мораме да бидеме поблиску. “

andrea dovizioso qatar test motogp 1

Довициозо сепак не беше единствениот возач кој му остави впечаток на Маркез. „И двата возачи на Suzuki беа добри, а особено Ианоне,“ изјави возачот на Repsol Honda. „Неговото темпо е навистина добро. И Зарко беше добар. Не знам точко каков е неговиот резултат но тој беше навистина брз. “

„Ни останува уште еден ден. Тимовите и возачите испробуваат различни работи. Многу тимови утре ќе тестираат на правец, ќе се обидат да разберат како функционира мотоциклот.“

Маркез со право се плаши од темпото на Дови. Возачот на фабричкиот тим на Ducati излезе на патеката нешто после 7 часот и извозе 12 круга со меки пневматици. Неговата брзина на правец беше феноменална. Два пати постигна време од 1’54, пет пати 1’55,  а најлошиот круг му беше 1’55.819. Колку само за споредба, најдобриот резултат на останатите возачи кои поминаа подолго време на патеката беше 1’56.

Она што е важно е дека Довициозо возеше со мек пневматик. Тој се обиде да ги сочува гумите исто како што направи и во Барселона мининатата година но како и што правеше во текот на целата сезона. На него му е јасно дека трките се победуваат во последнииот круг, а не во првиот. Тоа значи дека треба да ги чуваш пневматиците за самиот крај на трката кога треба најмногу да притиснеш.

„Веќе извозевме 12 круга со меки пневматици со цел да разбереме како тие функционираат,“ изјави Довициозо. „Бев навистина брз и многу сум среќен поради тоа. Чувството кое го имав на мотоциклот беше навистина добро.“

Италијанецот повторно ги спореди двете шасии за сезоната 2018 но се уште нема донесено одлука. „Се уште не можеме да одлучиме бидејќи разликата е многу мала.“

Како и останатите возачи, и тој имаше мали проблеми со предната гума. Поради самата површина на патеката во Катар, многу е тешко да се направи баланс помеѓу левата и десната страна на гумата.

Возачите на Honda сакаат цврста предна гума која ќе може да се справи со сопирачките на  RC213V. Но тоа значи дека левата страна на пневматикот, кој не се користи толку многу, не е толку цврста. Доколку пак возите со помека гума, мотоциклот или нема да биде добар при вртење или пак сериозно ќе се оштети предниот пневматик.

Ова беше особено голем проблем за Yamaha. Валентино Роси се обидуваше да направи нешто со пневматик со средна цврстина без притоа премногу да го оштети.

valentino rossi movistar yamaha qatar test motogp

„Имаме проблем со предниот пневматик. Не можеме до крај да извозиме една трка со него,“ вели Роси. „Во моментов, тоа најмногу не загрижува. Се обидовме со тврд пневматик, тој веројатно ќе издржи, но не ми се допаѓа чувството на мотоциклот.

Џек Милер имаше слични проблеми иако тој настапи со помек пневматик. „Го зголемивме аголот и тоа на некој начин ги подобри работите. Но потоа едноставно не можев да го свртам мотоциклот. Тогаш одлучивме повторно да настапам со мотоциклот со кој возев во Тајланд. Имаме проблем со предниот дел, особено кога возиме со мек пневматик. Извозев осум кругови и после тоа едната страна на пневматикот беше целосно уништена.“

За разлика од Роси и Милер кои имаа проблеми со предната гума, Маверик Вињалес имаше проблеми со задниот пневматик.

„Не забрзуваше доволно. Се обидов и со друг пневматики, но остана истиот проблем,“ вели  Вињалес. Тој барем успеа да го промени темпото во споредба во настапот кој го имаше во четвртокот. „Не сме ниту блиску до темпото кое го имавме минатата сезона,“ вели Вињалес.

Неговиот тимски колега, Валентино Роси, беше малку подобро расположен. Тој верува дека мотоциклот е исто така добар како и минатата сезона, со таа разлика што сега е 2018 година.

Јохан Зарко исто така имаше проблеми со задниот дел на мотоциклот иако беше брз и конзистентен на Tech3 Yamaha. „Со овој мотоцикл, имаме многу моќ. Треба само да се подобриме кога излегуваме од свиок,“ вели Зарко и додава дека тоа подобрување може да дојде од шасијата и суспензијата. „Денеска, малку по малку, испробавме неколку работи. Очекувам утре да продолжиме во ист стил.“

После тешкиот тест во Тајланд, Андреа Ианоне, беше извонреден во Катар. Очигледно дека патеката перфектно му одговара на GSX-RR како и на неговиот стил на возење. „Во Сепанг и Тајланд, на некои делови чувството на мотоциклот беше одлично, но на некои воопшто не беше така. Губев контрола над предното тркало и не го искористив целосно потенцијалот на мотоциклот,“ вели Ианоне.

andrea iannone ecstar suzuki qatar test motogp

„Тука свиоците се побрзи. Затоа имам добро чувство со предниот дел на мотоциклот. Се движиме по вистинската насока.“ Фактот дека неговиот тимски колега, Алекс Ринс, заврши на петото место сугерира дека важна улога игра и самата подготвеност на мотоциклот.

Што можеме да заклучиме после тестовите во Катар? И покрај тоа што тимовите настапија во различен термин, возачите не се бркаа меѓусебно ниту пак се обидуваа да постигнат што е можно побрзо време, сепак можеме да забележиме дека се појавува одредена шема.

Има добри но има и лоши вести. Како што напредува Michelin но и електрониката, мотоциклите стануваа се поосетливи дури на најмалите промени во временските услови. Компаниите подобро ги разбираат пневматиците, а Michelin за разлика од претходните сезони, многу поретко ги менува гумите. Но како што Францускиот производител се приближува до креирањето на најдобрите пневматици, така се намалува и просторот за маневар и експериментирање.

На следната патека, една комбинација на мотоцикли и возачи би можеле да имаат добар настап додека пак други да имаат проблеми. Во моментов е многу тешко да се предвиди кој возач како ќе настапи на одредена патека бидејќи се зависи од тоа какви ќе бидат временските услови тој ден.

Со тек на време MotoGP стана многу помалку наука, а многу повеќе уметност. Ова беше и предвидувањетона Маркез за сезоната 2018, година исполнета со подеми и падови.

„Веќе видовте минатата година дека имаше многу подеми и падови. Видовме дека истото се случува и за време на пред сезоната. Дури и на истата патека, но во различен ден, различен час, има многу промени. Клучот е во конзистентноста и обидот постојано да бидете меѓу петте најдобри возачи на секоја трка.“

frano morbidelli marc vds racing qatar test motogp

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.