Пред последната трка во МотоГП шампионатот ќе биде запаметена по неверојатната победа на Кејси Стонер пред домашната публика, но и по втората титула во шампионатот за Хорхе Лоренцо.
Пред последната трка во МотоГП шампионатот ќе биде запаметена по неверојатната победа на Кејси Стонер пред домашната публика, но и по втората титула во шампионатот за Хорхе Лоренцо. Прекрасното време на Филип Ајленд ветуваше трка до последниот круг, доколку за победникот однапред се знаеше, битката помеѓу Педроса и Лоренцо беше она за кое вредеше да се стане во 6 часот изутрина.
Кејси Стонер трката ја започна од пол позицијата, тој имаше забележано пет последователни победи на домашната патека, па на прсти се броеа оние кои сметаа дека некој друг возач може да му го одземе збогувањето со домашната публика на Стонер. Сепак стартот навести дека нема да биде така лесно, бидејќи најпрво Лоренцо, а веднаш потоа и Педроса успеаа да го поминат австралијанецот, за на почетокот од вториот круг, се да биде завршено. Дани Педроса кој беше на првата позиција влезе премногу широко во свиокот при што го загуби предниот дел и падна. Иако падот не беше страшен, заради проблеми со моторот тој се повлече во пит стопот, а Лоренцо веднаш беше известен дека бројот 26 е надвор од патеката. До крајот имавме прилика да ја следиме борбата за четвртата позиција, бидејќи напред беше се познато. Стонер дојде до победа пред домашната публика со предност од 9 секунди, Лоренцо воопшто не форсираше и втората позиција му ја донесе титулата, а до втор подиум во сезоната дојде и Кал Крачлоу со одличното возење на својата сателитска Јамаха.
Интересна беше борбата помеѓу Довициозо, Баутиста и Брадл која на крајот му припадна на Довициозо, а тројцата низ целната линија поминаа за време од една стотинка. Валентино Роси мораше да се задоволи со седмата позиција, додека неговиот клубски колега Ники Хејден финишираше на осмата позиција.
По крајот на трката емоциите беа големи, Кејси Стонер се збогуваше од домашната публика со шеста последователна победа на Филип Ајленд, а Лоренцо ја прослави втората титула во кралската класа, вкупни четврта во кариерата (2006 и 2007-ма ја освои титулата во класата до 2500цц). По завршувањето на трката Лоренцо не штедеше зборови да го пофали Стонер -„Го почитувам Стонер премногу бидејќи тој е нај талентираниот возач кој го познавам. Чист талент, екстремно брз. Тој се одлучи да се повлече од трките и да му го посвети животот на семејството, па навистина ќе ни недостасува.“
„Навистина е тешко да се бориш со возачи како Стонер и Педроса, и да возиш против фабрики како што е Хонда, мораш да бидеш постојано фокусиран и конзистентен во возењето. Моравме да ги завршиме сите трки и да внимаваме, навистина беше тешко. Затоа денеска е посебен ден, би сакал да му се заблагодарам на мојот тим, Јамаха, на семејството, пријателите, спонзорите...сите кои веруваа во мене и кои сакаа да победам. Ви благодарам!“ - изјави Лоренцо по завршувањето на трката.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|