MotoGP

MotoGP: Suzuki ги склопува најдобрите делови од мозаикот

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

Следете нè на:

 

Главната задача беше да се утврди дизајнот на моторот. Откако тимот девет пати се искачи на подиумот во текот на минатата сезона, екипата ја загуби можноста да прави прилагодувања на моторот во текот на сезоната. Последниот пат кога се случи тоа во 2017 година, тимот имаше лош мотор и ја заврши сезоната без место на подиумот.

Од Suzuki велат дека сега не сакаат да ја повторат истата грешка.  „Откако го загубивме правото на промена, работата која ја вршиме во текот на тестовите стана уште позначајна бидејќи откако еднаш ќе ја добиеме конечната верзија на моторот потоа нема да можеме да ја менуваме,“ изјави тест возачот на тимот Гинтоли.  

Ринс, кој е еден вид на лидер на тимот, ја испроба новата шасија, електроника, задна вилушка како и новиот мотор за време на дво дневниот тест во Херез. Шпанецот, кој го имаше десетото најбрзо време на патеката, ги оцени новите спецификации како многу позитивни но дека конечната верзија се уште не е комплетна. „Овие два дена беа многу позитивни бидејќи пробавме многу работи, нова шасија, мотор а исто така направивме и многу споредби,“ изјави Ринс. „За време на вториот ден од тестовите започнавме со шасијата која ја користевме минатата сезона а моторот ги имаше новите спецификации. Ги испробавме сите сугестии кои ни ги даваа инжинерите. Се уште не сме стигнати до финалниот производ но инжинерите напорно работат за да го обезбедат тоа.“

 suzuki parts 2

На првиот ден од тестовите во Херез, сериозна несреќа имаше новиот возач во тимот, Јоан Мир.  Сепак,  тој не можеше да ја тргне насмевката од лицето откако ги испроба новата шасија и мотор.

„После несреќата, сега целото тело ме боли. Го чувствувам тоа кога ќе се качам на мотоциклот. Но сепак сакав да ги пробам сите нови работи. “

Поранешниот Moto3 шампион кој после само една година во Moto2 премина во премиерната класа додаде: „Денеска повеќе беше технички ден, испробавме некои нови работи на мотоциклот а исто така ги комбиниравме и новите со старите работи. Сметам дека тоа беше подобро отколку само да се обидеме да постигнеме најдобро време.“

Сепак Ринс вели дека работата се уште не е целосно завршена.

„Во однос на шасијата, моторот и останатите работи, во моментов не сме сигурни што е подобро, но сметам дека на инжинерите им обезбедивме доволно информации.“ На прашањето дали новите делови би можеле да го збунат, тој изјави: „Не, бидејќи знам што е добро за мене. Имаме добра основа а јас имам добра брзина и темпо. Проблемот настанува кога треба да пробаш нешто ново а кое не го сакаш. Но тоа е дел од работата. “

Тимскиот менаџер Давиде Бривио вели дека испробувањето на различни делови сигурно им било досадно на возачите. „Мораме да ги склопиме најдобрите делови за да го комплетираме мозаикот. Ова особено важи за моторот бидејќи сега мораме да донесеме одлука која ќе влијае на целиот зимски тест но и на новата сезона. Чувствуваме мал притисок поради ова но ние сме возачи и притисокот е дел од нашата мотивација.“

„Алекс, Јоан и Силвиан ја завршија оваа напорна работа и постигнаа добар резултат. Затоа можеме да заминеме на зимскиот тест со добро чувство и се надеваме дека ќе имаме добар настап и во Фебруари на патеката во Сепанг.“

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.