Suzuki стана последниот тим кој го претстави MotoGP мотоциклот со кој ќе настапува во сезоната 2018. На патеката во Сепанг каде се одржува првиот официјален пред сезонски тест, Андреа Ианоне и Алекс Ринс ја претставија новата машина.

Тимскиот шеф, Давиде Бривио, изјави дека утре ќе биде интересен ден со оглед на напорната работа на тимот во изминатиот период.

„Ова ќе биде наша четврта сезона откако се вративме во Премиерната класа и ќе се обидеме да постигнеме напредок во споредба со минатата година. Сите инжинери во тимот работеа напорно во текот на зимската пауза и се надевам дека постигнавме добра основа.“

suzuki003

„Најважното нешто е дека повторно стартуваме и дека успеавме да го искористиме искуството со кое се стекнавме минатата сезона кога имавме многу проблеми. И покрај разочарувачките резултати, особено во првите неколку трки, тимот остана заедно.“

suzuki002

„Мораме да разбереме како функционира новиот мотоцикл, особено со новите спецификации на моторот но исто така и шасијата. Ајде да видиме какви резултати ќе постигнеме на тестот во Сепанг за да можеме да се концентрираме на остатокот на сезоната. “

Back To Top