Suzuki ќе ги провери можностите на својот MotoGP мотор против останатите тимови од премиерната класа за време на тестирањето после трката во Каталуња.

Suzuki-2-MOTEGI-Test-AOKI--by-KIBIKI--3

Suzuki ќе ги провери можностите на својот MotoGP мотор против останатите тимови од премиерната класа за време на тестирањето после трката во Каталуња.

„Планот е да учествуваме на тестот после трката во Барселона. На тестот ќе возам јас и уште еден Европски возач“ – Нобуатсу Аоки

Тестот кој ќе се одржи на средината на Јуни, ќе биде првото појавување на стаза за Suzuki против Honda, Yamaha  и Ducati после трката во Валенсија во 2011 година кога тимот го најави своето повлекување од MotoGP поради финансиски причини.

Со ова се потврдуваат шпекулациите дека Suzuki планира да се врати во MotoGP со нов мотор во 2014 година.

Поранешниот гранд при победник и сегашен тест возач на Suzuki, Набуатсу Аоки, ја посети патеката во Сепанг во вторникот за да го набљудува MotoGP тестот.

Претставивме нова верзија на моторот минатата недела која се покажа како многу добра. Задоволни сме од шасијата и моторот но треба да поправиме уште многу мали работи. Тестиравме во Мотеги и на приватната тест патека на Suzuki. Планот е да учествуваме на тестот после трката во Барселона заедно со други тимови. Ќе возам јас и уште еден европски возач.изјави Аоки

Аоки одби да го именува европскиот возач, а не кажа ни кој ќе биде потенцијалниот тимски менаџер кој ќе го води новиот проект на Suzuki.

Сепак, Аоки потврди дека планот на Suzuki е да имаат двајца возачи поддржани од фабрички тим, ќе работат под правилата на MSNA – вклучувајќи користење на сопствен електронски софтвер- заедно со  Honda, Yamaha  и Ducati.

Dorna изјави дека Suzuki ќе мора да го добие местото на некој постоечки тим.

Back To Top