MotoGP

MotoGP: Tech3 ќе соработуваат со KTM од сезоната 2019

Токму така, од 2019, Tech3 кој е еден од најдобрите сателитски тимови, ќе настапува со KTM RC16 MotoGP мотоциклот и ќе има целосна поддршка од Австриската фабрика.

Следете нè на:

 

Големо беше изненадувањето кога се појави информацијата дека Tech3 ќе ја напушти Yamaha по завршувањето на сезоната. Но откако помина некое време, воопшто не не изненади веста дека тимот на Пoншарал потпишал договор за соработка со КТМ за сезоната 2019.

Токму така, од 2019, Tech3 кој е еден од најдобрите сателитски тимови, ќе настапува со KTM RC16 MotoGP мотоциклот и ќе има целосна поддршка од Австриската фабрика.

Ова последното сигурно била и причината поради која Поншарал одлучи после толку долго време да ја прекине соработката со Yamaha.

Со тоа што ќе имаат фабрички мотоцикли, Tech3 има подеднакви шанси како и останатите тимови да стигне до победа. Тоа пак значи повеќе спонзори и повеќе пари за тимот.

Со оглед на тоа дека спецификациите за 2017 година веќе покажуваат одлични резултати на KTM RC16, многумина се надеваат дека овогодинешниот модел ќе постигнува добри резултати, иако знаеме дека последните неколку десетинки најтешко се достигнуваат.

Сепак, КТМ веќе импресионира со напорите кои ги вложува во MotoGP, а веќе можеме да видиме и раздвижување на работите во Moto2 и Moto3 сериите.

„Навистина сме среќни што ќе соработуваме со Tech3 во MotoGP почнувајќи од 2019 година,“ изјави Пит Беирер, директор во КТМ. „Тимот има долгогодишно искуство и има постигнато значајни успеси во шампионатот.“

„Нивната професионална структура ќе не направи уште посилни. Тоа што ќе имаме четири KTM RC16 мотоцикли на патеката е уште еден значаен чекор за нас, како во развојот на нашиот MotoGP мотоцикл така и во ширењето на КТМ.“

„Од Red Bull дебитансткиот куп па се до MotoGP, има чист пат до врвот. Со нетрпение чекам да ја почнеме соработката и благодарен сум му на Ерв Поншарал што не одбра нас за негови партнери.“

Би можело да ве интересира

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.