MotoGP

MotoGP: Tech3: Некои тимови ни се смеат

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Следете нè на:

 

Откако ја прославија шестата позиција на MotoGP табелата, три места на подиумот и две пол позиции за Јохан Зарко за време на последната сезона со Yamaha, Tech3 се најде на дното на табелата на стартот на новото партнерство со КТМ.

Хафиз Сиахрин и дебитантот Мигел Оливеира, кои дојдоа на местото на Зарко откако Французинот премина во фабричкиот тим на КТМ, беа најбавни за време на пост сезонските тестови во Валенсија и Херез.

Напуштањето на Yamaha, чиј што фабрички тим има постигнато 107, 500cc/MotoGP победи од 2001 година, комбинирано со напуштањето на тимот од страна на Зарко, значи комплетна промена како и ресетирање на нивните резултати.

Tech3 Text 1 15 01 2019

Тоа звучи лесно да се каже, но во тркањето нема премногу време за сентименталност и после неколкуте слаби резултати, многумина го поставија прашањето дали преминот во друг тим претставува грешка.

„Ова е голем предизвик за мене и за целиот тим“, вели Ерв Поншарал. „Знаете, многумина ни се смеат и мислат дека направивме грешка. Многумина го поставија ова прашање и ми посакаа многу среќа во иднина. Но, ова е само почеток. Мораме да разбереме многу работи. Мораме да останеме смирени, да работиме напорно, да ги почитуваме партнерите и да се обидеме да ги оствариме работите кои се очекуваат од нас. Секако дека сакам нашите возачи да бидат на неколку позиции погоре на табелата но мораме да бидеме реални. Во моментов, не можеме да постигнеме подобро време. Можеби звучам досадно, но мораме да работиме напорно.“

Сепак, ова не значи дека Поншарал не размислил темелно пред да ја донесе ваквата одлука.

„Размислував долго време за оваа одлука. Не се прекинува лесно партнерство какво што имавме ние со Yamaha и кое траеше 20 години без да си го поставите прашањето: Дали погрешив? Дали е ова вистинската одлука? “. вели Поншарал.

„Но она што го открив во разговорите со нашите нови партнери беше многу возбудливо и после само неколку дена поминати заедно знаев дека ја донесов вистинската одлука. Среќни сме, имаме многу нови лица во нашиот тим. КТМ исто така вработија дополнително луѓе кои ќе помогнат. На пример, човекот кој е одговорен за тимот за поддршка доаѓа од Ducati.“

„Во моментов, чувството е добро но секако дека би сакале да се најдеме погоре на табелата. Но, исто така, од она што го имаме слушнато од нашите поранешни но и сегашни возачи, мотоциклите на Yamaha и KTM се сосема различни. Се надевам дека процесот на адаптација нема да биде премногу долг.“

Tech3 Text 2 15 01 2019

Tech3, од 2001 година па се досега се има искачено на подиумот со Зарко, Јонас Фолгер, Бредли Смит, Кал Кратчлоу, Андреа Довициозо, Колин Едвардс, Бен Спиз, Марко Меландри, Алекс Барош и Шинџи Накано. Но исто така имаа и неколку неуспешни години, меѓу кои 2005, 2006 и 2007 кога не успеаа да се искачат на подиумот. Поншарал вели дека е свесен за предизвикот кој го очекува.

„Има една изрека која вели: Париз, Рим и Лондон не се изградени во еден ден. Колку години Honda, Yamaha, Suzuki и Ducati се дел од шампионатот? За КТМ поминаа само две години и во тој период имавме двајца различни возачи. КТМ има постигнато значителен напредок, но исто така и другите тимови напредуваат. Ние треба да работиме побрзо од другите тимови за да ја намалиме разликата.“

„Но мислам дека и возачите кои ги имаат навистина се надополнуваат еден со друг. Најважното нешто е сите да останат смирени и да се чувствуваат како да се дел од еден проект.“

Tech3 навистина се чувствува како да е дел од КТМ, а Поншарал вели дека директорот на Австриската компанија, Пит Беирер прави се што може за тие да се чувствуваат удобно.

„Голем дел од нашиот живот го поминуваме на работа и затоа е важно луѓето да ги делат истите вредности и да имаат заеднички цели. Како што и претходно веќе имам кажано, се обидуваме да креираме семејна атмосфера бидејќи односите меѓу луѓето се навистина важни. Колку станувам постар и поискусен, тие работи стануваат поважни.“

„Пит е главен на одделот за мотоспорт во КТМ. Тој е човек на кој многу му се восхитувам. Кај него можете да ја почуствувате пасијата и желбата. Исто така, тој во минатото беше и многу успешен возач. Тркањето е дел од неговата ДНК. Тој е спортски човек.“

„Првото нешто што Пит го направи денот после тестот во Валенсија, беше неговото доаѓање во нашата гаража. Побара од сите кои се дел од екипата да бидат таму и оддржа говор“, откри Поншарал. „Ни соопшти дека следната година на патеката ќе има четири фабрички мотоцикли на КТМ. Нема да има никаква разлика за КТМ и Tech3. Тоа беше навистина добро од негова страна и сите кои се дел од нашиот тим беа навистина возбудени.“

Tech3 Text 3 15 01 2019

Поншарал исто така вели и дека структурата во КТМ е многу појасна во споредба со онаа во Yamaha.

„Тие продаваат многу мотоцикли но нивната структура е многу појасна да се разбере и точно знаете кој е главен“, вели Поншарал.

„Веќе се сретнав со господинот Пиерер и господинот Трункенполц. Веднаш ви станува јасно дека станува збор за добра организација кога на првиот состанок ќе ви кажат дека навистина ве посакуваат во тимот. Тоа е она што досега го баравме. Слободно можам да ви кажам дека сме задоволни со нашата одлука. Имаме три годишен договор со KTM, Red Bull и Elf. Чувствуваме голем одговорност бидејќи овие луѓе вложија многу во нас. Не сакаме да ги разочараме. Имаме време но знам дека тоа не значи многу бидејќи на крајот се гледаат резултатите. “

Што се очекува од Tech3 во 2019 година? Поншарал ги отфрли наводите дека ќе се обидат да ги победат фабричките возачи, Зарко и Пол Еспаргаро. Наместо тоа, пореална опција е пласман меѓу најдобрите десет возачи за тројца од возачите на КТМ.

„Не сакам да се напреваруваме со фабричкиот тим бидејќи ние сме дел од иста екипа. Очигледно Пол многу подобро го познава мотоциклот од останатите возачи, а знаеме и дека Зарко е возач кој може да дојде до пол позицијата и во првиот ред на возачи. Двајцата возачи на КТМ имаат многу поголемо искуство и во моментов се многу побрзи од нас. “

„Но и ние не сме премногу далеку. Сиахрин и Зарко ги дели само половина секунда. Но она што сакаме да го постигнеме е да ја намалиме разликата со останатите возачи. Не сакам да зборувам во туѓо име, но целта ни е постојано да бидеме меѓу најдобрите десет возачи. Тоа воопшто нема да биде лесно. Имав можност да ги видам возачите на патеката и морам да признаам дека сите се брзи.“

Tech3 Text 4 15 01 2019

„2019 ќе биде година во која ќе учиме, ова важи како за возачите така и за целиот тим. Ќе се обидеме да дознаеме како да го извлечеме максимумот. Но тоа не значи дека немаме амбициозни цели туку дека сме реални. Затоа мислам дека топ 10 е реално можност за тројца од возачите , Пол, Јохан и Хафиз. Сакаме на Мигел да му дадеме малку повеќе време.“ Сепак, Поншарал вели дека прилагодувањето нема да биде бесконечно.

„Мигел се бореше против останатие дебитанти, Мир, Бањаиа, Куартараро во Moto2 и сега е зад нив. Секако дека сакам да биде на исто ниво со останатите дебитанти но во моментов треба да бидеме реални. Засега тој не покажува никакви знаци на нервоза но мораме да продолжиме да му помагаме бидејќи ако се повторуваат истите проблеми после три или четири трки, тогаш моралот ќе падне.“

За време на тестот кој се оддржа во Херез, најдобар резултат во тимот на КТМ постигна Пол Еспаргаро кој заврши на седумнаесетата позиција. Зад него беше Зарко кој се најде на деветнаесетото место, Сиахрин беше 23-ти, а Оливерира 24-ти.

„Јохан и Хафиз се навистина задоволни од моторот и после секој настап можете да забележите дека се стекнуваат со се поголема самодоверба“ , вели Поншарал.

„Постојано ги менуваме сетинзите на мотоциклот за да разбереме како се чувствува секој возач одделно.“

Би можело да ве интересира

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Валентино Роси верува дека Suzuki има постигнато најголем напредок за време на зимските тестови.

Шефот на Ducati, Џиџи Дал’Игна ги отфрли обвинувањата дека е нелегален додатокот кој го има на нивниот мотоцикл и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.

Honda Rebel 500 има многу модерен изглед. Голем дел од елементите се позајмени од секторот на спортски мотоцикли, а тие му даваат елегантен и модерен изглед.

Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите.

Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.