MotoGP тестовите во Катар можеби ќе бидат одлучувачки за тимовите. Сепак најважните работи кои ги научивме за време на првиот ден од тестирањето не беа поврзани со она што се случуваше на патеката.

Најважната информација стигна со интервјуто на Валентино Роси кој за италијанските медиуми изјави дека одлучил да го продолжи договорот со Movistar Yamaha за дополнителни две сезони, односно дека ќе остане дел од тимот и во 2019 и 2020 година. Ваквиот одговор на Роси следуваше по прашањето дали Sky VR46 ќе го заземе местото на Tech3 почнувајќи од 2019 година.

„Прво не очекував Поншарал да ја напушти Yamaha,“ изјави Роси. „Затоа ја зедовме во предвид можноста да имаме тим во MotoGP. Тоа би било одлична прилика но нема да го направиме тоа во следните две години бидејќи големи се шансите да продолжам да се натпреварувам. Можеби тоа ќе се случи откако ќе се повлечам, некаде во 2019 или 2020 година.“

valentino rossi motogp movistar yamaha 01

Ова се навистина интересни неколку реченици. Прво, Роси призна дека е блиску до продолжување на договорот за дополнителни две сезони. Такво нешто и се очекуваше, а најверојатно тоа ќе се случи пред да почне сезоната. Второ, тој призна дека Sky VR46 е заинтересиран да има тим во MotoGP. Но и ова не е некоја голема новост.

Ваквата изјава исто така јасно става до знаење дека тој планира да остане во тимот до крајот на кариерата. Една терорија која е доста популарна кај фановите на Sky VR46 е дека сателитскиот тим ќе ја добие целосната поддршка на Yamaha. Од компанијата досега ниту еднаш немаа кажано дека планираат да ја зголемат поддршката како што тоа го прават Honda кои го имаат Кал Кратчлоу во LRC или пак Ducati со тимот Pramac.

Засега сѐ уште не е познато кој ќе ги земе вторите мотоцикли на Yamaha. Трите очигледни кандидати за тоа се тимот Angel Nieto, Avintia и Marc VDS. Според гласините,  Marc VDS е многу поблиску до Suzuki отколку до Yamaha, потег кој за нив би имал повеќе смисла бидејќи планираат долго време да останат во MotoGP.

Marc VDS е тим во кој младите возачи ке треба да се пробиваат за влез во MotoGP. Тие имаат договор со Monlau, организација која е поврзана со Емилио Алзамора, а со тоа и Honda. Но засега сите овие работи се само гласини.

Во однос на договорите на другите возачи, Алекс Ринс за Шпанските медиуми ијави дека се надева дека ќе дојде до продолжување на договорот со Suzuki и дека во тек се преговори за такво нешто.

Андреа Довициозо не беше толку конкретен по ова прашање.„Ќе ви кажам кога ќе почнеме да зборуваме за новиот договор. Во моментов нема ништо бидејќи се уште не почнале преговорите,“ изјави Италијанецот.

marc marquez motogp qatar test repsol honda 02

Марк Маркез веќе го продолжи договорот со Repsol Honda и ќе настапува во тимот и во 2019 и 2020 година. За време на тестовите во Сепанг и Тајланд, тој ја остави отворена можноста во иднина да настапува и за некој друг тим.

Во Катар, Маркез ја објасни одлуката да го продолжи договорот со Honda и напомена дека во ниту еден момент не ја разгледал сериозно опцијата да го напушти тимот. „Honda ми даде можност во 2013 година кога имав само 20 години. Тоа не смее да се заборави.“

Добриот старт на подготовките го убедија Маркез порано да го продолжи договорот. „Секако дека разговорите траеа веќе неколку месеци, но чекав да видам како ќе почне претсезоната,“ изјави Маркез.

Со оглед на тоа дека Honda ќе ја промени управната структура на тимот во 2017 и 2018 година, Маркез вели дека и тоа игра своја улога во носењето на одлуката. „Добро се чувствуваме и работите се одвиваат како што треба. Honda секогаш ќе ми биде главниот приоритет и останувањето во тимот беше моја единствена опција.“ Тој сепак не сакаше да ја открие сумата која му била понудена за да остане во тимот.

Главното прашање кое сега се поставува е дали HRC успеаа да го поправат моторот оваа сезона. Тие неколку сезони се обидуваа да го поправат моторот кој на моменти беше премногу агресивен. Дека постојат проблеми, призна и Маркез.

„Денеска се концентриравме повеќе на моторот бидејќи саквме да видиме како тој функционира. Во текот на денот ситуацијата не беше толку лоша но вечерта, кога падна температурата, тој стануваше се поагресивен. Тогаш откривме нешто што може да ни помогне. Се уште не сме 100% подготвени но се движиме во вистинскиот правец.“

Но и покрај позитивниот фидбек кој го добија, мотоциклите на Honda беа далеку од врвот.

Кал Кратчлоу беше најбрзиот возач на Honda и на крајот се најде на деветото место и пред Маркез и Дани Педроса. Но разликата меѓу нив не беше премногу голема. Сите тројца беа приближно половина секунда побавни од Маверик Вињалес кој постигна најдобро време, а беа и една десетинка од времето кое го постигна Хорхе Лоренцо кој се најде на петото место.

maverick vinales qatar test motogp

Но според резултатите кои можевме да ги видиме, јасно е дека возачите на Honda не беа посветени на постигнување што е можно подобар резултат. „На првиот ден од тестирањето треба што е можно подобро да ја запознаете патеката, како да се подобрите и секако да ги одберете вистинските пневматици,“ изјави Маркез. „Тие играат голема улога, особено предната гума.“

Кратчлоу и Маркез сакаат поцврст преден пневматик кој подобро ќе одговара на нивниот стил на возење. Тоа значи и дека треба да се зачуваат што е можно повеќе тврди предни пневматици за сите три дена од тестирањето, а тоа пак во превод значи и помал број на кругови.

„Јас секогаш возам со цврста предна гума и мораме да внимаваме како ги користиме за да ни издржат три дена. Затоа денеска се обидувавме само да го откриеме ритамот на возење, а утре повеќе внимание ќе посветиме на деталите.“

За време на тестот во Катар, најбрзи беа мотоциклите на Yamaha. Но такво нешто можеше и  да се очекува. Од 2010 година, возачите на Yamaha успеаа да слават на шест од осумте трки кои се оддржаа тука. Тоа дополнително им ја зголеми самодовербата на Роси и Вињалес кои имаат лоши тестови во Сепанг и Бурирам.

johan zarco qatar test motogp

И двајцата возачи беа особено фокусирани на темпото: Роси и Вињалес поминаа поголем дел од времето возејќи после 7 часот, односно времето кога е планирана да се оддржи трката. Добрата вест е дека и двајцата покажаа конзистентност, а исто така и брзина. Вињалес дури и најде решение на еден проблем кој подолго време го мачеше. „Особено во Тајланд имавме проблеми со сопирањето и задното тркало премногу се лизгаше,“ изјави возачот на Movistar Yamaha. „Тука испробавме поинаков сетап. На почетокот на се чувствував баш најдобро. Ги имав истите проблеми како и во Тајланд но откако го променив сетапот работите почнаа да се подобруваат. Мотоциклот беше многу конзистентен и убаво се чувствував на него. Сепак, има работи каде што можеме да се подобриме, особено при вртењето како и брзината кога сме во свиок. Затоа треба да останеме фокусирани и да продолжиме да работиме.“

Валентино Роси пак вели дека брзината која ја постигна се должи на фактот дека патеката повеќе одговара на мотоциклот Yamaha.

„М1 одлично функционира тука, а исто така добри беа и пневматиците,“ изјави Роси. „Но мотоциклот е сосема ист како и оној кој го возевме за време на тестовите во Тајланд кога имавме проблеми. Тоа значи дека и оваа сезона ќе имаме различни перформанси во зависност од патеката на која возиме.“ Ова исто така значи и дека возачите ќе имаат проблеми во зависност од тоа во кој период од денот возат. Сепак, Роси вели дека тимот во моменотв е фокусиран на електрониката но и дека ќе се посветат на подобрување на балансот и сетапот.

andrea iannone qatar test motogp

Можеби најголемо изненадување на првиот ден од тестовите беше Андреа Ианоне. После лошиот настап на тестовите во Малезија и Тајланд, овој пат Италијанецот извозе многу подобро.

Во Сепанг, Ианоне заврши на тринаесетото место. Во Бурирам, петнаесети. После првиот ден од тестирањето, возачите на Suzuki постигнаа трето најдобро време. Разликата, како што вели Ианоне, е во предниот дел на мотоциклот. „Чувството на мотоциклот е навистина добро, особено предниот дел,“ вели Италијанецот.

„На првите тестови оваа сезона, имав многу проблеми со предниот дел. Но сега тоа е сменето. Можеме да притиснеме навистина силно, мотоциклот е добар кога вртам и навистина сум среќен поради тоа.“

Но севкупно, тешко е да се донесе вистински заклучок. Возачите и тимовите испробуваат неколку стратегии, едни се обидуваат да постигнат што е можно подобро време додека пак други се фокусирани на одделни аспекти на мотоциклот.

Но и патеката не беше баш онаква каква што очекуваа возачите. „Подлогата на патеката денеска навистина чиста, но триењето кое го имаше пневматикот со асфалтот не беше баш најдобро,“ изјави Довициозо. „Треба да провериме која е причината за тоа но како што знаете, во Катар секој ден е различен. Тоа е навистина чудно.“

dani pedrosa qatar test motogp

Back To Top