Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

А со оглед на тоа дека голем број на луѓе од цела Јужна Америка пристигнуваа на трката, задоволен од ваквата одлука е и гувернерот на провинцијата, Герардо Замора.

„Задоволни сме што ја продолживме соработката. Dorna повторно инвестираше во нас. Горди сме бидејќи многу страствени луѓе работеа напорно за да се обезбеди ова. Покрај приватните инвестиции работевме и на јавната инфраструктура. Задоволни сме и од тоа дека бројот на фанови на секоја трка се зголемува а тоа има позитивно влијание на економијата како и на целиот регион.Оние кои досега немале можност да дојдат на оваа трка, сега ќе имаат шанса да го направат тоа во следните три години.“

„За прв пат има континуитет бидејќи напорно работевме на ова откако започна целиот проект во 2004 година,“ додаде Карлес Јорба, директор за операции во Dorna. „Ова продолжување на договорот ни овозможува да продолжиме со работата и да му дадеме дополнително значење на Јужно Американскиот пазар кој е навистина важен за MotoGP. Возачите, тимовите и фановите сметаат дека оваа патека е одлична. “

argentina race 2012 1

Постоеа гласини дека MotoGP би можел да се пресели на новата „Villicum “ патека која се наоѓа на југот на државата. Оваа патека во 2018 година за прв пат беше домаќин на трка од Светскиот Супербајк шампионат. Една од најомилените трки во сезоната, „Termas de Rio Hondo “  е исто така доста тешка за тимовите пред се во однос на транспортот и логистиката што пак ги зголеми шпекулациите дека таа ќе се префрли на друга патека.

Оваа трка во последните неколку сезони беше навистина интересна. На една од трките Џек Милер стартуваше од првата позиција а вториот возач зад него беше дури четири реда подолу на патеката. На друга трка, Марк Маркез доби казна бидејќи премногу време се задржа во гаражата а потоа за време на трката тој го истурка Валентино Роси надвор од патеката.

Back To Top