motori bradl-operacijaВчерашниот 23-ти роденден Штефан Брадл, возачот на „LCR Honda“ МотоГП тимот, ќе го памети по операцијата на раката која му беше извршена во Универзитетската болница во Барселона...

bradl-operacija

Вчерашниот 23-ти роденден Штефан Брадл, возачот на „LCR Honda“ МотоГП тимот, ќе го памети по операцијата на раката која му беше извршена во Универзитетската болница во Барселона. Успешната операција ја изврши реномираниот доктор Хавиер Мир, а се работи за корективна операција која ја прават скоро сите професионални возачи (проблем со пумпање на раката). 

Како што може да се види и од сликата, германецот е во добра состојба и денеска ќе ја напушти болницата во Барселона. -„Проблемот со раката се појави по трката во Јапонија, а Д-р. Мир ме прегледа пред две недели, па откако се консултиравме со тимот, одлучивме дека сега е вистинскиот период за операција. Операцијата помина во најдобар ред, Д-р. Мир кажа дека повредата е санирана подобор отколку што очекувал, па воопшто не жалам што се одлучив за операција на раката. Ми беше чудно што го славам роденденот во болница, имав посета од некои од момците во тимот, но и персоналот беше навистина фин со мене.“ - изјави Брадл.

По ваква операција потребни се три недели за раката целосно да закрепне, со оглед на тоа што следното тестирање во МотоГП е закажано за 4-6 февруари следната година, Брадл ќе има повеќе од доволно време да се врати во форма.

Back To Top