Маверик Вињалес постигна најдобро време на тестот кој се оддржа веднаш по трката во Валенсија. Возачот на Yamaha кој настапи со новиот модел М1, беше за речиси половина секунда побрз од актуелниот шампион Марк Маркез. Успешен ден имаше и вториот возач на тимот, Валентино Роси кој заврши на третата позиција. Актуелниот Moto2 Светски Шампион, Пеко Бањаиа беше најдобар помеѓу дебитантите и заврши на единаесетата позиција наспатувајќи со Pramac Ducati.

Но и покрај напредокот во однос на перформансите, Вињалес вели дека тимот може да биде уште подобар со оглед на тоа дека на вториот ден од тестовите ќе се испроба уште еден мотор кој има поинакви спецификации.

vinales3

„Се обидовме да направиме еден чекор напред со моторот. Навистина се чувствував добро кога излегов на патеката. Се уште треба да работиме на моторот во однос на забрзувањето бидејќи тој е поинаков од оној кој го користевме минатата сезона. Треба да продолжиме да работиме но во моментов сум навистина среќен.“

„Утре можеби ќе пробаме нов мотор. Задоволен од она што го видов досега и затоа сакам да извозам уште неколку круга и да обрнам поголемо внимание на електрониката. Го извозев мојот најдобар круг со новиот мотор. Чувствувам дека се движиме во вистинскиот правец бидејќи сме многу подобри при влегување во свиоците. Сега треба да се фокусираме на забрзувањето.“

vinales2

Back To Top