Според Бразилската телевизија SporTV News, претседателот на Бразилската Мото Конфедерација Фирмо Авес, изјавил дека MotoGP светскиот шампионат ќе се врати во земјата од 2014 година.

Makoto Tamada 04

Според Бразилската телевизија SporTV News, претседателот на Бразилската Мото Конфедерација Фирмо Авес, изјавил дека MotoGP светскиот шампионат ќе се врати во земјата од 2014 година.

Изјавата беше дадена за време на презентација на Honda во Сао Паоло, и во неа се наведува дека земјата ќе биде домаќин на трка, но местото сеуште не е потврдено.

Последната MotoGP трка која се одржа во некоја земја во Јужна Америка беше во 2004 година (победник беше Макото Тамада кој возеше за сега веќе непостоечкиот тим Camel Honda, и кој му ја даде првата победа на Bridgestone во MotoGP) на интернационалниот автодром Нелсон Пике во Jacarepagua, кој сега е срушен за да се направи олимписки парк за игрите во 2016 година.

Патеката Интерлагос во Сао Паоло е одобрена од FIA но последен пат беше домаќин на GP трка во 1992, а единствениот Бразилец кој моментно се натпреварува во GP е 16 годишниот Ерик Гранадо кој вози за Mapfre Aspars Moto3 тимот.

Back To Top