Двајцата возачи на Ducati, Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо, имаат иста цел во пресрет на првата трка од MotoGP шампионатот која ќе се оддржи овој викенд. 

Довициозо, кој имаше одличен настап на последниот претсезонски тест, е фаворит за победа, а во прилог на тоа му оди и фактот дека неговиот мотоцикл има одлични перформанси на патеката.

dovi austin

„Навистина сум задоволен од се она што го постигнав со Desmosedici GP18 за време на последните три сесии. Отсекогаш сме биле многу брзи и навистина сум задоволен со се она што го направи Ducati во текот на зимската пауза. На оваа патека нашиот мотоцикл секогаш покажувал добри перформанси, а оваа година се чини дека е уште подобар. Затоа имам голема самодоверба во пресрет на првата трка од сезоната. “

„Има уште неколку апсекти кои треба да ги подобриме, а и многу работи ќе завислат од временските услови во текот на викендот. Тука работите можат да се променат за многу кусо време но верувам дека имам доволно искуство за да се справам со тоа. Оваа сезона има многу брзи и компетитивни возачи но јас сум фокусиран и подготвен да ја почнам сезоната на најдобар можен начин.“

Сепак, тој не е единствениот возач во тимот кој има такво мислење. И негиот тимски колега кој имаше одличен настап во Сепанг, вели дека има голема самодоверба пред првата трка.

„Конечно ќе почне шампионатот. Оваа трка е секогаш посебна бидејќи да се вози MotoGP мотоцикл навечер е нешто уникатно. За време на двата претходни тестови имавме некои добри но и некои лоши моменти. Но мораме да останеме концентирани и да продолжиме да се движиме по истата насока.“

Back To Top