MotoGP возачите на KTM и Aprlia порано ќе го оддржат тестот во Сепанг.

Оваа година тестот на патеката во Сепанг ќе се оддржи малку порано од вообичаеното, односно од 1-3 февруари. Тоа значи дека тој ќе биде надвор од забраната за зимски тестови која важи од 1-ви декември до 31-ви јануари.

Како резултат на ова, возачите на тимовите кои имаат техничка концесија, KTM и Aprlia, имаат дозвола да бидат дел од тестот кој ќе се оддржи оваа недела но ќе можат да присуствуваат и на официјалниот тест кој ќе се оддржи од 1-ви до 3-ти февруари.

Во концесијата за производителите кои се немаат неколку пати искачено на подиумот е вклучен и еден дополнителен приватен тест на кој ќе можат да настапат официјалните возачи на тимовите.

„Имаме шест дена тестови во Сепанг и се надеваме дека ќе ги искористиме 100 проценти“,  изјави Хиафиз Сиахрин. Него на патеката ќе му се приклучи и тимскиот колега од Tech3 KTM, Мигел Оливеира.

„Шест дена можеби изгледаат премногу но нас тоа ни одговара за да можеме подобро да разбереме како функционира мотоциклот и да испробаме неколку работи.“

KTM Aprlia Test Txt 02 01

Иако Сиахрин верува дека ќе може да настапи на сите шест дена, сепак топлото време и големата влага сигурно ќе ги принуди возачите да ги скратат подготовките со цел да бидат целосно спремни за главниот тест.

Кај фабричкиот тим на КТМ, на пример,  тест возачот Мика Калио ќе настапи само првиот ден а потоа главните возачи, Пол Еспаргаро и Јоан Зарко ќе настапат на вториот и третиот ден. Тогаш тие ќе ги испробаат неколкуте нови делови кои ги има RC16.

Од Aprlia соопштија дека нивниот нов тест возач, Бредли Смит, ќе настапи на првите два дена од тестовите а на третиот ден неколку круга ќе извозат Андреа Ианоне и Алеш Еспаргаро.

Во меѓувреме, за прв пат на патеката во Сепанг, секој од возачите на Tech3 ќе има по два KTM мотоцикли.

Back To Top