Единечниот ECU ја отстрани најголемата разлика меѓу фабричките и сателитските тимови

Минатогодишниот MotoGP шампионат имаше девет различни победници, нешто за што многумина сметаа дека се должи на новиот, единечен ECU, преминот од Bridgestone на Michelin пневматици како и променливите временски услови.

Но на половина од оваа сезона, веќе пет различни возачи успеаа да постигнат победа – една повеќе отколку во истиот период минатата сезона, а неверојатни десет поени изнесува разликата меѓу првите четири возачи во шампионатот.

IMGP9313

За Ерв Поншарал, шефот на Monster Yamaha Tech 3, единствениот сателитски тим чии возачи успеаа да се искачат на подиумот, техничките правила овозможуваат борбата меѓу производителите да биде најизедначена досега.

„Оваа година имаме три фабрики кои се речиси на исто ниво - Yamaha, Honda and Ducati. Минатата сезона Ducati беше зад нив но сепак успеаа да остварат две победи“ изјави Поншарал за Crash.net.

„Оваа сеона најголемо разочарување е Suzuki. Зошто? Бидејќи мотоциклот им е послаб во споредба со минатата сезона или пак бидејќи возачите не знаат да го искористат неговиот потенцијал. Но нема да кажам кое е точно.“

„Да ви објаснам нешто. Благодарение на техничките правила Yamaha, Honda and Ducati се блиску оваа година. Јас сум дел од Yamaha и можам да ви кажам дека нема голема разлика во споредба со минатата сезона. Мотоциклите се речиси исти, повеќе или помалку слични се и пневматиците, истиот ECU, а аеродинамиката е блокирана. Затоа не мислам дека Suzuki е помалку компетитивен во споредба со минатата сезона. Мислам дека Вињалес е посебен возач. Но некои луѓе и не го сфатија доволно сериозно Алеш Еспаргаро бидејќи видете што прави тој сега во Aprilia. Минатата сезона тие имаа исклучително добри и мотивирани први возачи.“

„Оваа сезона, не сакам да обвинам никого, но Алеш е дебитант, а плус е и повреден. Ианоне возеше за Ducati кој е сосема различен мотоцикл. Но погледнете го и Лоренцо, тоа е истата приказна.“

„Работата е во тоа што Ducati го задржа Довициозо, а Suzuki ги промени и двајцата возачи. Можеби би било исто и доколку покрај Лоренцо, во Ducati пристигнеше уште еден нов возач. Погледнете го само резултатот на тимот доколку го нема Довициозо. Сите очекуваа Лоренцо да биде подобар исто како што очекуваа и Ианоне да биде подобар во Suzuki.“

IMGP8295 copy

Иако сите победи оваа сезона ги постигнаа фабрички возачи, четири сателитски возачи сепак успеаа да се искачат на подиумот. Минатата сезона беше постигната првата независна победа по 2006 година, благодарение на Џек Милер на трката во Асен, а потоа и Кал Кратчлоу во Брно и Филип Ајленд.

„Би сакал да видам возачи како Петручи и Кал, а секако и Зарко и Фолгер како редовно победуваат на трките.  Досега победи постигнаа главните возачи но мислам дека тоа можат да го направат и сателитските возачи. “

Французинот објасни и дека единечниот ECU, кој беше воведен на почетокот на 2016 година, е најважното нешто што им овозможи и на сателитските тимови да бидат конкурентни.

„Состојбата во која и сателитските тимови имаат можност за победа не се случи преку ноќ но секогаш и дававме на значење на забавата кога ги одредувавме техничките правила.“

„За добра забава треба да имаш и добра борба, што значи дека мотоциклите треба да бидат компетитивни. Досегашните промени помогнаа во тоа но мислам дека најголемо влијание имаше единечниот ECU. Во минатото, тоа беше најголемата разлика меѓу фабричките и сателитските тимови.“

„За нас е одлично чуството кога се натпреваруваме против фабричките возачи. Секако дека Вињалес и Роси ќе завршат пред нас, но за сите е сигурно поинтересно бидејќи и ние имаме шанси некогаш да победиме.“

Back To Top