HRC официјално огранизираше приватен тест за Дани Педроса и Марк Маркез на новата патека во Америка, а тестот ќе се одржи од 12-ти до 14-ти март.

f1-Circuit-of-the-Americas-Formula-One-Racing-Surface-Complete-Photos-B-586x390

HRC официјално огранизираше приватен тест за Дани Педроса и Марк Маркез на новата патека во Америка, а тестот ќе се одржи од 12-ти до 14-ти март.

Сепак Dorna и IRTA побараа од Јапонскиот тим  да ги покани и другите MotoGP тимови да присуствуваат на тестирањето, но само доколку тимовите сакаат  и доколку тоа е на нивен трошок.

Шпанскиот веб сајт www.motocuarto.com објави дека Yamaha ја разгледува можноста за учество на тестот. Во моментов, производителот од Ивата се уште размислува дали да отпатува во Тексас со Хорхе Лоренцо и Валентино Роси за да можат да ги научат тајните на новата патека и да ги подготват своите моторцикли пред втората трка во сезоната (19-21 април) или да се одлучат за поевтиното решение и да испратат тест возач кој ќе собере информации за патеката.

Досега ниеден друг тим не покажа интерес за учество во приватниот тест, освен LCR Honda кои сакаат да го испратат Штефан Брадл. Но според www.speedweek.de, само превозот на моторот и опремата до Тексас би чинело 35.000 евра. Доколку на тоа се додадат трошоците за превоз и живеење на целиот тим како и 50.000$ од ден за изнајмување на патеката,  тоа би можело да биде прескапо за малиот тим.

Back To Top