motori stoner-krajКејси Стонер нема да настапи на трката во Брно која се вози викендов откако денеска добил инструкции од лекарите да се врати во Австралија каде ќе му биде извршена операција на зглобот на десната нога.

stoner-kraj

Кејси Стонер нема да настапи на трката во Брно која се вози викендов откако денеска добил инструкции од лекарите да се врати во Австралија каде ќе му биде извршена операција на зглобот на десната нога.

За попладнево е закажана прес конференција на која тој ќе го соопшти ова пред медиумите но сигурно е дека вечерва тој заминува во родната земја каде ќе биде подложен на хируршки зафат. Неизвесно е колку ќе отсуствува од патеките но според неговите зборови тој би бил среќен доколку успее да се врати пред трката за ГН на Австралија на патеката Филип ајленд. 

Во секој случај по оваа одлука веројатноста за трета титула во неговата последна година во МотоГП е невозможна.

Back To Top