Андреа Ианоне потврди дека ќе го напушти MotoGP тимот на Suzuki по завршувањето на сезоната 2018.

Со ова се отвора можност Јоан Мир да и се приклучи на Јапонската екипа. Италијанецот денеска потврди дека нема да биде дел од тимот следната сезона и дека во моментов ги разгледува опциите кои се пред него.

„Дефинитивно нема да останам во Suzuki. Ќе преминам во друг тим и друг производител. Не сакам премногу да зборувам за мојата иднина. Suzuki разговараше со мене по завршувањето на тестот во Барселона но веќе е сигурно дека нема да бидам понатаму со нив.“

mir ianone

До сега најголеми шанси за премин во Suzuki му се даваа на Хорхе Лоренцо, таквата опција се чини дека исчезна благодарение на актуелниот Moto3 шампион кој призна дека планира да премине во премиерната класа после само една сезона во Moto2 серијата.

Иако постоеја гласини дека веќе има потпишано договор со Honda за да го замени Дани Педсроса, се чини дека Мир одлучил да се обиде да го повтори успехот кој го имаше Маверик Вињалес додека возеше за Suzuki.

Изгледа дека и на Јапонскиот тим му одговара вакво нешто бидејќи сакаат малку да се тргнат од големите имиња после тешката година и половина која ја имаа со Андреа Ианоне. Наместо тоа, Suzuki се одлучи повторно да соработува со млади возачи, како што во минатото беше со Маверик Вињалес и Алекс Ринс.

Back To Top