Работите никогаш не остануваат исти долго време во мото трките. Точно е дека првите четири трки можеби не се исти како оние во 2012 година (трката во Португалија е заменета со трката во Америка), но сепак нема сомнение дека тимот на Репсол Хонда го започна натпреварувањето посилно.

mugello-prikaz

Работите никогаш не остануваат исти долго време во мото трките. Точно е дека првите четири трки можеби не се исти како оние во 2012 година (трката во Португалија е заменета со трката во Америка), но сепак нема сомнение дека тимот на Репсол Хонда го започна натпреварувањето посилно.

Во 2012, Лоренцо победи на две од првите четири трки. Две победи оствари и Кејси Стонер, а Педроса успеа да освои едно второ, две трети и едно четврто место. Овој пат, човекот од Сабадел го освои четвртото место на премиерната трка, беше втор на трката во Тексас а потоа оствари две последователни победи.

Маркез изгледа незапирливо. Актуелниот Moto2 шампион постојано се наоѓа на подиумот. Ќе му биде простено бидејќи сеуште не го знае протоколот доколку не е помеѓу првите тројца на трката во Мугело овој викенд.

Yamaha ќе мора да се исправи пред предизвикот на трката во Италија. Лоренцо ќе замине во Тоскана со само 73% од поените што ги имаше ова време минатата година, а Педроса има подобрување од 22% во споредба со првите четири трки од 2012 година. Имајќи во предвид дека возачот со број 26 победи на шест од последните осум трки минатата сезона, неколку инсајдери веруваат дека Honda повторно ќе биде силна на оваа патека.

Позицијата во која се наоѓа Лоренцо може да му биде предност но исто така може и да биде против него. Според  досегашната форма, двојниот шампион е најбрзиот возач на фабричкиот тим на Yamaha и ќе треба да се бори против возачите на Honda. Ова очигледно беше против него на трката во Херез, борејќи се и губејќи од Маркез,  додека Педроса правеше голема предност и освојувајќи  ја својата прва победа сезонава. Од друга страна, на крајот на годината, во Honda би можеле да жалат бидејќи нивните возачи се конкуренција еден на друг додека пак Лоренцо би можел да добие помош од Валентино Роси доколку италијанецот премногу се одалечи.

Поради причините наведени погоре, неопходно е Роси да го подобри своето возење за да остане на исто ниво со Лоренцо и двајцата заедно да ја нападнат Honda. Трката во Италија би било најдоброто место за тоа. Сеуште нема победа ниту пак место на подиумот во Мугело од 2008 година. Не смее да се заборави ниту возачот на Monster Yamaha Tech 3, Кал Кратчлоу.

Минатата година Gran Premio d’Italia TIM беше деветта трка во шампионатот а оваа година е петта. Можете да бидете сигурни дека овој факт нема да го обесхрабри Лоренцо повторно да се обиде да оствари победа.

Back To Top