После пет месеци пауза, Довициозо на Дукати стигна до својата прва MotoGP победа. Сепак, викендот ни покажа дека Италијанската фабрика заборави како да се грижи за своите возачи.

Не очекувавме да имаме толку многу настани поврзани со MotoGP во текот на летото, пред се бидејќи сите подобри возачи имаат договори најмалку до крајот на 2020 година. За време на трката во Заксенринг, Џек Милер соопшти дека е блиску до продолжување на договорот со Pramac Ducati. Една недела подоцна, за време на Гран При викендот во Брно, Милер порача дека е изненаден и збунет бидејќи уште го нема продолжено договорот. А во Австрија дозна која е причината за тоа. Ducati преговара со Хорхе Лоренцо да се врати во екипата и да го заземе местото на Австралиецот.

Милер беше вознемирен и гневен. „Не очекував вакво нешто“, изјави тој во петокот. Со други зборови, Милер смета дека му бил забоден нож во грб.

Воопшто не сме изненадени од неговата реакција. 23 годишниот возач има одлична сезона во Италијанската компанија.

Но за Ducati ова не е ништо ново. И во минатото имало вакви проблеми и доаѓало до нарушување на довербата меѓу возачот и тимот.

Во 2004 година екипата влезе во конфликт со Трој Бејлис откако не му дозволија да соработува со истиот тим со кој во 2001 година ја освои титулата во Светскиот Супербајк шампионат. Во 2006 година, за време на последната трка во Валенсија, тој му покажа на тимот за што е способен доколку ги има вистинските луѓе покрај себе.

 DSC2918

Во 2009 година менаџментот на тимот не го поддржа Кејси Стонер кога беше болен и ја прекина соработката со него штом му заврши договорот.

Во 2014 година Кал Кратчлоу одлучи да ја прекине соработката со Ducati уште по завршување на првата година од договорот. А минатата година, тимот одлучи да го раскине договорот со Хорхе Лоренцо, најбрзиот возач кој го имале после Кејси Стонер.

Шпанецот го совлада Desmosedici но во истиот момент откри дека извршниот директор на тимот, Клаудио Доменикали, не сака повеќе да соработува со него.

Генералниот менаџер на Ducati Corse, Џиџи ДалИгна, во последните неколку месеци има слаба соработка со Андреа Довициозо. Несогласувањата се бидејќи поранешниот шампион во класата од 125cc, е фрустриран од неуспехот на тимот да го направи GP19 подобар и поконкурентен мотоцикл. Иако победи на трката во Австрија, Далиња сака да го врати Лоренцо назад во тимот бидејќи верува дека тој е единствениот возач кој може да му се спротистави на Марк Маркез.

 DSC4524 copy

Ова влијае врз Милер, кој заедно со Пеко Бањаиа е голема надеж за иднината на Ducati.

Ducati одамна соработуваат со возачи кои доаѓаат од Австралија, а на Desmosedici му е потребен возач кој знае кога треба да притисне на задната сопирачка.

„Стилот на возење на Џек перфектно одговара на нашиот мотоцикл“, изјави тимскиот менаџер Давиде Тардози. „Веруваме во неговиот талент и сметаме дека ќе стане многу брз возач.“

Во минатото и Honda имаше сличен проблем. Во 2003 година ја прекинаа соработката со три кратниот шампион, Валентино Роси. Тој премина во Yamaha и покажа колку важен дел е возачот. Се чини дека HRC ја научи лекцијата и внимателно се грижи за Маркез.

Ваквите проблеми на Ducati внатре во тимот само ќе ги ослабнат во борбата за титулата.

 DSC3946

Најдобрите возачи имаат три приоритети кога се тркаат: лично задоволство, полнење на паричникот и задоволување на луѓето околу нив, тука пред се се мисли на механичарите и другите членови на нивниот тим.

Штом фабриката ќе го залади односот со возачот, се намалува лојалноста кај него и се нарушува врската помеѓу возачот, тимот и фабриката.

Фабриката и тимот мора да се осигураат дека возачот знае дека тие се подготвени да направат се за него. Тоа гради лојалност и прави возачот да преземе дури и поголем ризик.

Но штом таа врска ќе се прекине, односите се заладуваат и возачот веќе не сака премногу да ризикува.

Во 2009 година Стонер не се скара со луѓето кои беа дел од неговиот тим но кога менаџментот на Ducati не му даде поддршка додека беше болен, тој ја загуби сета почит која ја имаше кон нив. Подоцна, потпиша договор со HRC.

Стонер потоа се врати во Ducati како тест возач, но си замина веднаш штом забележа дека инжинерите не ги земаат во предвид неговите забелешки.

 DSC5233

Минатата година Доменикали реши дека веќе не сака да соработува со Лоренцо. Ова беше лична одлука која многу влијаеше врз потенцијалот на Ducati. Ако Лоренцо возеше со GP 19 и оваа сезона, дали Маркез ќе имаше разлика од 58 поени? Веројатно не.

А сега Ducati ја нарушува врската која ја има со Милер. Тој знае колку го цени менаџментот на тимот и сигурно се прашува зошто треба да биде лојален кон нив. КТМ веќе му понудија соработка.

Денеска Милер конечно го потпиша договоро  и остана дел од Ducati, Лоренцо по се изгледа останува во Honda, а Мигел Оливеира се очекува да премине од Tech 3 KTM во фабричкиот тим. Но дали Милер ќе им прости за првите луѓе на Ducati?

Тимот слична ситуација има и во WSBK и веќе има најави дека не сакаат да го задржат Алваро Баутиста, иако тој имаше фантастичен старт на сезоната.

Во мото трките добро е познато дека возачот е исто толку важен колку и машината. Според тоа, однесувањето на Ducati е малку неразбирливо и детско. Можеби на тимот му е потребен некој кој ќе ги подобри односите внатре во екипата.

Back To Top