Ники Хејден изјави дека почетникот во тимот на Хонда, Марк Маркез, веќе од првата трка во МотоГП шампионатот ќе го покаже целиот свој потенцијал.

marquez-sepang-test-4-1024x696

Ники Хејден изјави дека почетникот во тимот на Хонда, Марк Маркез, веќе од првата трка во МотоГП шампионатот ќе го покаже целиот свој потенцијал.

Маркез ќе го замени пензионираниот двоен МотоГП шампион во тимот на Хонда, Кејси Стонер. Од првото тестирање на Маркез за Хонда почнаа да пристигнуваат пофални зборови за младиот и талентиран возач, а последниот коментар доаѓа од Ники Хејден.

Нема потреба јас да ви кажувам дека тој (Маркез) ќе блесне веќе на првата трка во Катар. Тој е навистина  талентиран, а вози и за одличен тим. Марк ќе биде одлично освежување за МотоГП, сигурен сум дека сите со нетрпение очекуваат да започне сезоната и да видат што има да покаже. Маркез е храбар и талентиран возач, доаѓа на местото од Стонер и ќе биде убаво да се види како ќе ја продлжи неговата работа. Во секој случај сметам дека Маркез ќе биде „проблем“ од првата трка.изјави Ники Хејден

Според Хејден и Дани Педроза ќе атакува на титулата од првата трка, а според него, доколку шпанецот продолжи со формата во која беше кон крајот на минатиот шампионат, Хорхе Лорнецо ќе има навистина тешка работа да ја задржи титулата.

Back To Top