MotoGP

Новата Aprilia е многу подобра од претходната верзија

Алеш Еспаргароо вели дека MotoGP мотоциклот на Aprilia за сезоната 2019 има големи подобрувања во споредба со моделот од минатата година.

Следете нè на:

 

Алеш Еспаргароо вели дека MotoGP мотоциклот на Aprilia за сезоната 2019 има големи подобрувања во споредба со моделот од минатата година.

Возачот на Aprilia,Алеш Еспаргаро вели дека мотоциклот на неговиот тим е многу подобар во споредба со оној кој го имаа минатата сезона. Италијанската компанија направи големи промени откако минатата година, трета сезона по ред, заврши на дното на табелата на листата на производители.  Во тимот пристигна Масимо Ривола од Ferrari, Андреа Ианоне го замени Скот Рединг а Бредли Смит стана тест возач.

Еспаргаро, кој беше најдобар на минатонеделниот тест кој се оддржа во Малезија,  имаше тринаесето најдобро време на првиот ден од пред-сезонскиот тест во Сепанг. На крајот заврши со заостанување од 0.981 секунди зад лидерот и актуелен шампион, Марк Маркез.

„Дефинитивно е подобар од мотоциклот кој го имавме минатата година, многу подобар“, изјави Еспаргаро на прашањето кои се неговите први импресии од RS-GP.

„Имаше грешка кај моделот за сезоната 2018 и целосно го промашивме дизајнот на мотоциклот. Овој повеќе наликува на верзијата која ја имавме во 2017 година, мотоцикл кој ми се допадна уште од првиот пат кога седнав на него пред две години.“

„Но имаме уште простор за напредок и треба да се подобриме во многу сегменти.“

Aprilia Txt 07 02

Еспаргаро призна дека мотоциклот со кој настапуваше минатата сезона го принудил да го промени неговиот стил на возење и вели дека е многу  среќен со промените кои ги направи тимот во пресрет на новата сезона.

„Чувствувам дека полесно можам да го возам овој мотоцикл и да бидам поагресивен со сопирачките. И позицијата на возење ми одговара.Минатата сезона не го чувствував мотоциклот. Се обидов да променам неколку работи но ништо не успеа.“

„Оваа година кога го навалувам мотоциклот го допирам асфалтот а минатата сезона не можев да го направам тоа. Во однос на позицијата на возење, мотоциклот е многу подобар.“

Иако вели дека има добро чувство за мотоциклот сепак Еспаргаро признава дека на Aprilia и недостасува поголема моќност на правите делови но и при возењето во свиоците.

„Мотоциклот е добар но ни треба поголема моќност. Исто така треба да ја подобриме и електрониката. Добри сме во првиот дел од свиокот но треба да се подобриме кога излегуваме од него.“

„Искрено мислам дека сум дел од еден од најдобрите тимови во MotoGP. Добро се чувствувам тука а мотоциклот е таков каков што е. Барем го даваме максимумот.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Вејн Рејни повторно седна на мотоциклот. Овојпат заедно со Кени Робертс и Еди Лосон настапи на патеката во Suzuka, нешто што се нема случено од 1993 година.

Во изминативе две години, BMW тивко работи на мотоцикл кој ќе има електричен погон.

Погледнете како Хамилтон вози со мотоциклот на Роси а Италијанецот настапува со болидот на Mercedes.

HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори.

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.