Новите надворешни додатоци на Yamaha и Ducati добија одобрување, вели техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ.

Поради две причини е потребно да се посвети големо внимание кога нови надворешни додатоци ќе се појават за време на MotoGP тестовите. Првата, бидејќи се работи само за тестови и додатоците не треба да бидат одобрени од техничкиот директор Дени Олдриџ. Тие би можеле да се користат само за собирање на податоци. Втората причина, дури и да бидат одобрени да се користат за време на трката, тие можеби нема да функционираат како што треба.

Yamaha Ducati Txt 1 13 02

Има неколку вакви примери а последниот го видовме кај Ducati кој иако настапи со екстерни додатоци за време на тестовите, нив никогаш не ги видовме за време на една Гран При трка.

Сепак, во однос на новите додатоци за сезоната 2019 кои ги преставија Ducati и Yamaha за време на тестот во Сепанг, мораме да напоменеме дека тие добија одобрение од техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ.

„Новите додатоци на Ducati и Yamaha кои ги видовме во Сепанг добија одобрување поради нивниот дизајн“, изјави Олдриџ. Сепак, во однос на развојот за сезоната 2019, сега се користи специјален примерок и секој од додатоците мора да ги исполнува критериумите во однос на големината. Но кај MotoGP тестовите, овој примерок се користи само како упатство.

Yamaha Ducati Txt 3 13 02

„Yamaha го зеде примерокот за да ја спореди големината и се помина како што треба. Истото го стори и Ducati но засега не го знам резултатот од нивната проверка“, вели Олдриџ. А со оглед на тоа дека веќе беше одобрен дизајнот на Ducati, доколку проверката завршила неуспешно, тие ќе мора да направат некакви промени пред трката во Катар.

Според MotoGP правилата, забранети се стандардните надворешни додатоци а единствено се дозволени оние кои се интегрирани на самиот мотоцикл и кои имаат добиено дозвола од Олдриџ. Примерокот пак е воведен со цел тимовите да им стане јасно кои димензии се дозволени. Досега, ова се покажа како успешно.

Yamaha Ducati Txt 5 13 02

Yamaha Ducati Txt 4 13 02

Back To Top