МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.

“Четири месеци по операцијата на Маркез беа спроведени детални испитувања и докторскиот тим потврди дека тој е подготвен да се врати на тркачката патека“ - стои во соопштението на тимот.

 DSC4518 copy copy

Следната трка се вози претстојниот викенд на патеката Портимао во Португалија, а Репсол Хонда тимот конечно во своите редови ќе го има седум кратниот Светски шампион.

Back To Top