MotoGP

Официјално, Педроса ја напушта Хонда

Денеска беше соопштено дека Дани Педроса ќе го напушти тимот по крајот на оваа сезона.

Следете нè на:

 

Дани Педроса ќе го напушти тимот на Репсол Хонда по крајот на оваа сезона во МотоГП шампионатот. Соработката која започна во 2002 година со неговиот потпис за тогашната класа од 125цц и 13 последователни сезони за фабричкиот тим во МотоГП дојде до својот крај.

IMGP8248

„Би сакал да му се заблагодарам на тимот за сите овие години успешна соработка“ - започна Педроса. „Пораснав не само како возач туку и како човек за сите овие години кои ги поминав заедно со луѓето од ХРЦ тимот. Нив секогаш ќе ги носам во своите сеќавања и во срцето. Во животот на секој од нас му требаат нови предизвици, а јас мислам дека е време за промена. Ти благодарам ХРЦ“ - изјави тој.

„Денеска е тажен ден за мене“ - изјави претседателот на ХРЦ тимот, г-н. Номура. „Во името на ХРЦ би сакал да му се заблагодарам на Дани за тешката и макотрпна работа и за успехот кој го оствари. Би сакал да ја изразам мојата благодарност за овие две декади кои ги поминавме заедно. Воедно би сакал да му посакам многу среќа и успех. Ти благодарам Дани“.

Според последните шпекулации, Хорхе Лоренцо ќе му се придружи на Маркез во тимот на Хонда, а Педроса ќе премине во новиот сателитски тим на Јамаха кој ќе биде поддржан од Петронас и всушност ќе вози фабрички мотоцикл.

Би можело да ве интересира

Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.

Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.

Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.