MotoGP

Официјално: Зарко се приклучи на LCR Honda

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Следете нè на:

 

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и ќе биде замена за Такааки Накагами во LCR Honda. Французинот, кој веднаш по трката во Мисано го раскина договорот со KTM, ќе настапи на трките кои ќе се возат на Филип Ајленд, Сепанг и Валенсија. Поради повреда, Накагами мора да замине на операција на рамото.

На овие трки може да се гледа и како шанса за Зарко да покаже дека се уште има потенцијал, во случај Хорхе Лоренцо да продолжи со лошиот настап во тимот на Honda. Не смее да се заборави дека и тест возачот на HRC е исто така достапен.

„Ова е одлична можност за мене“, изјави Зарко. „Навистина сум благодарен што ми го овозможија ова. Ќе дадам се од себе за да постигнеме добри резултати. Секако и дека ќе уживам додека возам бидејќи после овие три трки, можеби подолго време нема да бидам дел од MotoGP.“

„Сакам да им се заблагодарам на KTM што го раскинаа договорот. Тоа ми овозможи да продолжам да се натпреварувам со друг мотоцикл. Знам дека ќе уживам на трката на Филип Ајленд. Таа е брза патека и ми се допаѓа кога возам таму.“

„Се надеваме дека ќе имаме добар настап. Целта е да бидеме брзи.“

 DSC3099 copy

И покрај шпекулациите кои се појавија во однос на иднината на Лоренцо во LCR, првиот човек на тимот Лучио Чекинело изјави дека било негова идеја да се потпише договор со Зарко.

„Жал ни е што Накагами мора да ги пропушти последните три трки од сезоната, но од друга страна знаеме дека повредите се дел од овој спорт“, изјави Чекинело. „На директорот на HRC, Тецухиро Кувата и на тимскиот менаџер, Алберто Пуиг, им предложив да потпишеме договор со Зарко. Тие го прифатија моето мислење.“

„Кога се сретнав со Зарко тој веднаш покажа интерес и заедно работевме за да дојдеме до договор. Ние ќе му обезбедиме целосна подршка на Јохан. Тој е возач кој во досегашниот дел од неговата кариера покажа дека е врвен професионалец.“

Зарко, кој во двете сезони кои ги помина во Tech3 Yamaha шест пати се искачи на подиумот, побара предвремено раскинување на договорот со КТМ откако не успеа да се прилагоди на RC16.

Првично тој не требаше да биде дел од КТМ следната сезона. Но тимот одлучи порано да ја прекине соработката. Јасно ставија до знаење дека нема да му пречат на Французинот доколку успее да најде нов тим оваа сезона.

За возачот со број 5 постоеја шпекулации дека во следната сезона би можел да биде тест возач на Yamaha, но и дека би можел да го преземе местото на Хорхе Лоренцо.

Зарко ќе настапува со мотоциклот на Накагами кој има спецификации за 2018 година. Неговиот нов тимски колега, Кал Кратчлоу, настапува со помоќна машина.

Накагами последен пат оваа сезона ќе настапи на трката во Мотеги која ќе се одржи овој викенд. После тоа ќе замине на операција.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Она што скоро сите медиуми пропуштија да го пренесат е новата мерка на владата за справување со Ковид-19 вирусот со која како економска мерка се укинува давачката за регистрација на моторите!

Иако сите со нетрпение ги чекаме трките кои се одложени поради вонредната состојба со корона вирусот, нашиот натпреварувач Христијан Бузалковски (Seventy One Team) не застанува со подготовките.

Како што беше очекувано, трката од МотоГП шампионатот во Херез официјално е одложена.

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – кои од вечерва се намалуваат за, 3.00, 4.50, односно 5.00 денари!

Honda Rebel крузерите добија подобрувања за сезоната 2020.

Шпекулациите дека наместо предвидениот термин од 31-ви мај до 10-ти јуни трката ќе биде преместена за крајот на август се покажаа како неточни, Isle of Man TT 2020 е откажана.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 12 Јуни 2020 - 13 Јуни 2020
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.