„Ова е интересен мотоцикл за возење но тој исто така е и многу брз“ - Мигел Оливеира

После победата на неделната Moto2 Гран При трка, Бред Биндер и претендендот за титулата Мигел Оливеира се врати на патеката во Арагон за дво-дневни тестови. Во понеделникот, двоецот работеше на сетапот на нивните 600cc Honda мотоцикли, а веќе во вторник го тестираа 765cc Triumph. Биндер го проба новиот мотоцикл, кој исто така има и нова електроника. Своето мислење го даде и Оливеира кој следната сезона треба да премине во премиерната класа и ќе биде дел од Tech3 KTM.

triumph 765 moto2 04

„Денеска беше поинаку. Имав можност за прв пат да го тестирам Moto2 мотоциклот за 2019 година и да им го кажам моето мислење на КТМ. Ова е забавен и многу брз мотоцикл, “ изјави Оливеира кој во моментов заостанува 19 поени зад Бањаиа на табелата во Moto2 шампионатот.

Биндер додаде: „Уживав многу додека го возев KTM Moto2 мотоциклот со кој тимот ќе настапи следната година. Екипата врши одлична работа. Направивме неколку чекори напред и мислам дека се движиме во вистинска насока. Не можам да дочекам повторно да се качам на мотоциклот.“

„Денеска условите на патеката ни помогнаа да имаме одличен тест со мотоциклот за 2019 година. Ова беше еден позитивен ден кој ни овозможи да тестираме различни сетапи и да ги споредиме со претходните резултати кои ги постигнавме.“

„Мигел и Бред беа многу задоволни со напредокот на КТМ.

Следната сезона, лидерот во Moto3 шампионатот Хорхе Мартин ќе го замени Оливеира во тимот на Red Bull KTM Ajo.

NTS и MV Agusta исто така оваа недела го тестираа својот Moto2 мотоцикл на патеката во Арагон.

Back To Top