MotoGP

Остин: Победата на Ринс и Suzuki преставува „природна еволуција“

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Следете нè на:

 

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Алекс Ринс и Suzuki уште од крајот на минатата сезона, постојано се блиску до освојување на место на подиумот. Внимателната селекција на неколку нови делови во текот на зимската пауза ја комплетираа конечната слика.

За време на дебитанската сезона која му беше исполнета со повреди, Ринс заврши на шеснаесетото место. Дури во првата половина од минатата сезона, Ринс успеа да се искачи на подиумот.

Ринс и неговиот GSX-RR значително се подобрија од трката во Мисано и годината ја завршија со добар резултат, 4-4-6-3-5-2-2, кој му овозможи сезоната да ја заврши на петото место на табелата.

„Мислам дека Алекс ја заслужи победата бидејќи ова не е случајност. Мислам дека од трката во Мисано минатата година, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“, изјави тимскиот менаџер Давиде Бривио.

„Понекогаш сме на подиумот а понекогаш не позицијата која е веднаш под него. Во секој случај, постојано сме добри, освен ако не се случи некој проблем. Затоа мислам дека ова е природна еволуција на се што правиме.“

„Да бидам искрен, сезоната ја започнавме со идеја дека треба да победиме на една трка. Затоа сум пресреќен што тоа конечно се случи. Ова исто така е и добра награда за сите кои работеа на мотоциклот бидејќи го подобривме во текот на зимата. Не направивме некоја голема работа туку неколку мали подобрувања.“

Suzuki Austin txt 1 18 04 copy copy copy

Првичниот чекор кон тие подобрувања го направи тест возачот Силвиан Гинтоли и шефот на неговиот тим, Том О’Кејн.

„Тие се од голема помош бидејќи ја прават првата селекција“, изјави Бривио. „Јоан Мир исто така го тестираше мотоциклот и го даде своето мислење. Но многу често, коментарите на Гинтоли се пресудни.“

„Многу внимаваме при селекцијата на деловите. Развиваме различни работи и треба да се селектираат вистинските делови, да го одберете она што ви носи предност и подобрување“, изјави Бривио.

„Можеби новата шасија не е веднаш подобра опција. Морате да направите длабока евалуација. Новиот мотор кој го имате, дали е подобар или не? Новата суспензија, подобра опција или не?“

„Ова е навистина тешко и потоа во текот на зимската пауза се обидуваш да ја решиш загатката. Можеби ќе ја употребите новата шасија и стариот мотор. Во однос на суспензијата, можеби ќе ја задржите старата. Нова вилушка...“

„Се обидувате да ги наредите деловите така што на крајот тие ќе го подобрат мотоциклот. А се чини дека ние не направивме премногу грешки.“

Ваквата посветеност и работа доведе до креирање на машина која е добра во речиси секој аспект.

„Но како што кажа Алекс, креиравме машина која можеби и не е совршена. Имавме проблеми на правецот во Катар, но севкупно гледано, мотоциклот има добар баланс.“

„Дури и тука, на патеката во Остин, има долг правец но ние сепак бевме компетитивни. Можеби на крајот мотоциклот на Yamaha беше премногу блиску но успеавме да победиме.“

Suzuki Austin txt 2 18 04 copy copy

Една од најимпресивните работи кај мотоциклот на Suzuki е фактот дека и покрај тоа што има добра брзина во свиокот, не ги оштетува пневматиците.

„Повеќе го користиме крајниот дел од гумите бидејќи ни треба поголема брзина. Можеби ова е различно од другите тимови, тие се обидуваат веднаш да го исправат мотоциклот“, објасни Бривио.

„Се чини дека нашиот мотоцикл е навистина нежен со гумите и тоа е добро.“

Од една страна ова можеби е добро но од друга можеби ги објаснува проблемите со кои тимот се соочува за време на квалификациите. Дури и на трката во Остин, тие стартуваа од седмото место.

Како што вели Бривио, најголемиот проблем останува кај моторот кој не можеме да го подобриме. Под ова мисли на забраната за модификации која ја имаат и Honda, Ducati и Yamaha.

Откако загуби од Ринс за помалку од половина секунда, Валентино Роси изјави: „Алекс вози многу добро. На неколку места одлично се постави за да ги избегне испакнатите делови од патеката. Тој исто така беше многу добар и при сопирањето.“

Бривио пак вели: „Валентино смета дека сме многу добри при сопирањето но јас сметам дека можеме да го подобриме тој дел. Исто така сметам дека можеме да го подобриме и забрзувањето.“

„Во моментов Алекс и Suzuki делуваат како одлична комбинација но има денови кога и тој се жали на некој проблем.“

Сега откако ја исполнија целта и стигнаа до победа, што е следно?

„Имаме уште 16 трки да се обидеме да го направиме истото“ , вели Бривио. „Секако дека сме свесни колку е тешко да се дојде до победа во волку компетитивна серија. Имаме добра машина, добар пакет и тука сме да се обидеме да победиме. Секако дека и другите тимови се тука поради истата причина. Нашата цел и во иднина останува иста, да се обидеме секогаш да бидеме меѓу најдобрите шест возачи. Да се обидеме да дојдеме до место на подиумот и да ги користиме шансите кои ни се пружаат.“

Во однос на шампионатот? Довициозо смета дека брзината на Ринс како и напредокот на тимот во текот на зимата ги вбројува меѓу четирите тима кои би можеле да дојдат до титулата.

„Мислам дека треба да размислуваме постепено и да видиме што ќе се случи. Доколку не направиме премногу грешки, на крајот би можеле да се најдеме на добра позиција.“

„Шампионатот е долг и знаеме дека има добри тимови кои се борат за титулата. Сега откако ќе заминеме во Европа, тие ќе бидат уште подобри. Но зошто да не се обидеме и ние да победиме.“

Ринс, кој од десетото место успеа да дојде до четвртата позиција во Катар а потоа и од шеснаесетото до петото место во Аргентина, во моментов е на третото место на табелата и заостанува само пет поени зад Довициозо.

Роси и Маркез се на второто и третото место а разликата меѓу нив изнесува само девет поени.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Ќе си заминам како човек кој е гладен да се врати“ - Јохан Зарко

Нашите пријатели од Холандија, Nieuwsmotor, само што ни ги испратија овие фотографии а на нив може да се видат два нови модели на Harley-Davidson, авантуристичкиот Pan America и спортскиот, Streetfighter.

Викендов се вози 12-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Силверстоун во Англија.

„Возењето на еден круг на оваа патека е исто како да патувате од едно до друго место“ – Валентино Роси.

Хорхе Лоренцо ќе се врати на патеката овој викенд и ќе настапи на трката која се вози во Силверстоун.

Доколку мислевте дека Triumph работи напорно на подготовка на новите Scrambler и Speed Twin, тогаш имаме уште неколку нови информации за вас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.