„Се обидовме да работиме на електрониката. Исто така најдовме и подобар баланс во споредба со минатата година. Мотоциклот работи подобро.“ - Валентино Роси.

За време на последните девет трки од минатата сезона, Роси не успеа ниту еднаш да се искачи на подиумот. Оваа сезона, од три трки колку што се одржаа досега, тој два пати успеа да се искачи на подиумот.

Тоа му овозможи на возачот на Monster Yamaha да се најде на второто место на табелата и во моментов заостанува само три поени зад возачот на Ducati, Андреа Довициозо.

Откако имаше неверојатно лоша низа која започна од Асен во 2017 година и траеше до Филип Ајленд во 2018 година, Yamaha се соочи со голем притисок да го направи M1 мотоцикл кој ќе може да се бори за победа.

Rosi Austin Txt 19 04

Иако Маверик Вињалес беше оптимист за време на тестовите, Роси беше претпазлив и порача дека тимот сега работи во вистинска насока но дека им треба време за работите да дојдат на свое место.

Поради добриот старт на сезоната Андреа Довициозо порача дека Роси оваа година ќе се бори за титулата. „Валентино е во многу подобра ситуација во споредба со минатата година и мислам дека мотоциклот не е толку лош.“

На хартија барем, прогресот е очигледен: Минатата сезона во овој период од сезоната Роси имаше 29 поени и беше на седмото место на табелата. Оваа година веќе има 51 поен и се наоѓа на второто место. Но каде точно има подобрување на М1 во споредба со минатата година?

„Се обидуваме да работиме на електрониката со цел да се подобри забрзувањето бидејќи секогаш имаме проблем при излегување од свиоците. Исто така, успеавме да најдеме и подобар баланс на мотоциклот. Тој работи подобро,“ изјави Роси кој на последната трка загуби за помалку од една секунда во борбата со Алекс Ринс.

„Се обидовме да работиме на моторното сопирање но и на забрзувањето. Но ќе ни биде потребно време бидејќи има многу области каде што треба да се подобриме. Барем сме на вистинскиот правец.“

„Предизвикот е голем но ние се подобруваме.“

Важен дел од напредокот на Yamaha ќе биде трката во Херез која беше доста тешка за тимот во изминативе две сезони.

„ 2017 беше многу лоша за нас а во 2018 година имавме мало подобрување. Но сепак имавме проблеми во текот на целиот викенд“ , изјави Роси. „ Ја сакам оваа патека но во последните неколку години воопшто не ни одговара. Навистина е важно да разбереме дали можеме и тука да бидеме силни. Новиот асфалт кој го има патеката исто така може да ни биде од корист.“

Back To Top