Марк Маркез и Валентино Роси се поздравија по завршувањето на Гран При трката во Аргентина.

Седум месеци откако Валентино Роси ја одби можноста да се ракува со Марк Маркез на трката во Мисано, неколкукратните шампиони имаа кусо поздравување пред да се искачат на подиумот во Аргентина.

Rosi Vinales Txt 12 04

„Знаете, таков беше моментот“, објасни Маркез. „Бевме сами и се ракувавме пред да се качиме на подиумот.“

„Тоа беше добра трка. Јас никогаше немав проблем и затоа сметам дека нема ништо лошо доколку се почитуваме.“

„Таков беше моментот“, додаде и Роси чиј што однос со Маркез значително се влоши по контактот кој го имаа двајцата возачи минатата година. „Му честитав бидејќи беше навистина добар викендов. Ова беше навистина брза трка и затоа мислам дека тоа што го направив е нормално.“

Back To Top