MotoGP

Педроса порано ќе дебитира во тимот на КТМ

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Следете нè на:

 

Поранешниот возач на Repsol Honda,Дани Педроса,  кој се повлече од натпреварувањето по завршувањето на трката во Валенсија, се очекуваше да ги комплетира своите први кругови со RC16 за време на тестот кој ќе се оддржи на патеката во Сепанг во Фебруари 2019 година.

Сепак, извршнот директор на компанијата, Стефан Пиерер, изјави дека дебито на Педроса ќе се случи во Декември, 18-ти и 19-ти, на патеката во Херез. Ваквата одлука следува откако неговиот поранешен тим Honda одлучи да го ослободи од обврските кои ги има со нив.

„Покрај тестот во Малезија кој ќе се случи во Фебруари, ќе имаме тест со Педроса и пред Божик,“ изјави Пиерер за Speedweek.com.

„Првично се договоривме дека нема да има тестови во Ноември. Но успеавме да постигнеме договор со Honda и сега со нетрпение чекам да видам како ќе се покажеме на тестот.“

Пол Еспаргаро беше најдобриот возач на КТМ за време на тестовите во Валенсија и Херез но успеа да заврши само на 13. односно 17. место.  Јохан Зарко пак беше 21-ви, односно 19-ти.

Ваквиот настап го натера тимот, кој го освои својот прв подиум на трката која се возеше во Валенсија, да има тест со Педроса порано.

А бидејќи тој повеќе не е официјален MotoGP возач, за него не важи забраната за тестирање во текот на зимата која почнува од 1-ви Декември и трае се до 31-ви Јануари.

Педроса ќе ги дели задолженијата со Мика Калио а повторно ќе соработува и со Мајк Лејтнер кој сега е тимски менаџер на Red Bull KTM. Тој досега има постигнато 31 победа а во периодот помеѓу 2006 и 2018 година три пати завршуваше како вицешампион. Во периодот помеѓу 2003 и 2005 година тој ги освои титулите во класите 125cc и 250cc.

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.