MotoGP

Победа на Маркез на патеката во Мисано

Марк Маркез успеа во последниот круг да го победи Фабио Куартараро на трката која се возеше во Мисано и ја зголеми предноста на табелата на 93 поени.

Следете нè на:

 

Марк Маркез успеа во последниот круг да го победи Фабио Куартараро на трката која се возеше во Мисано и ја зголеми предноста на табелата на 93 поени.

Марк Маркез успеа во последниот круг да го победи Фабио Куартараро на трката која се возеше во Мисано и ја зголеми предноста на табелата на 93 поени.

Поголем дел од трката Маркез го следеше Куартараро, особено откако двајцата возачи успеаа да му избегаат на Маверик Вињалес.

Франко Морбидели беше четврти а Пол Еспаргаро со неговиот КТМ успеваше да ги забави Валентино Роси, Андреа Довициозо и Алекс Ринс.  Актуелниот шампион го одложуваше нападот се до почетокот на последниот круг. Најпрвин тоа го стори во свиокот број 1 но набрзо потоа, веќе во свиокот број 4 Куартараро се врати на лидерската позиција.

Користејќи ја поголемата брзина која ја има мотоциклот на Honda, Маркез повторно успеа да го претекне дебитантот во MotoGP во свиокот број 8. Французинот уште еднаш се обиде да дојде до првото место и за малку, во свиокот број 14, ќе дојдеше до контакт меѓу двата мотоцикли. На крајот сепак Куартараро не успеа да избие напред. За Маркез ова беше 77 победа и го претекна Мајк Хеилвуд на листата на возачи со најмногу победи во MotoGP.

marquez misano txt 16 09 2019

Маверик Вињалес не успеа да ги стигне двата мотоцикли кои беа пред него и на крајот мораше да се задоволи со третото место на подиумот.

Роси успеа да го претекне Франко Морбидеи во борбата за четвртото место и ова за него е трета трка по ред како завршува на иста позиција. Морбидели на крајот заврши на петото место а шести беше Андреа Довициозо. Со овој пласман, тој значително си ги намали шансите за титулата.

Еспергаро беше седми и ова за Red Bull KTM е најдобар пласман по Гран При трката на Каталонија. Откако Алекс Ринс излета надвор од патеката во петнаесетиот круг, Јоан Мир беше главниот возач на Suzuki. На крајот тој заврши на осмото место, една позиција подобро од возачот на Pramac Ducati, Џек Милер.

Фабричкиот возач на Ducati, Данило Петручи, на крајот успеа да дојде до десетото место, пред се благодарение на излетувањата на Микеле Пиро и Кал Кратчлоу.

Јохан Зарко имаше мирна трка и на крајот заврши на единаесетата позиција а веднаш зад него беше возачот на Aprilia, Алеш Еспаргаро.

Во борбата за тринаесетото место, Тито Рабат (Avintia Ducati) успеа да го победи Хорхе Лоренцо (Repsol Honda). Хафиз Сиахрин го освои последното место кое носи поени.

Мигел Оливеира (Tech3)  кој во седмиот круг излета надвор од патеката, на крајот сепак успеа да заврши на шестнаесетото место а веднаш зад него беа Карел Абрахам (Avintia Ducati) и Такааки Накагами (LCR Honda). Возачот на Pramac Ducati, Франческо Бањаиа не успеа да ја заврши трката.

Андреа Ианоне го пропушти настапот на патеката во Мисано откако на четвртиот слободен тренинг претрпе повреда.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.