Данило Петручи вели дека бил многу тажен кога пред стартот на сезоната му било кажано дека нема да му биде продолжен договорот. Но сега, откако потпиша со КТМ, тимот кој изминатава сезона постигна три победи и осум пати се искачи на подиумот, Петручи вели дека е среќен поради таквата одлука на Ducati.

Проблемите кои ги предизвика коронавирусот во MotoGP значеше дека Данило Петручи нема да има шанса да се обиде и да го задржи местото во Ducati во сезоната 2021.

После разочарувачкиот крај на минатата сезона, Италијанецот беше свесен дека му е загрозено местото во екипата и дека од витално значење е да има добар почеток.

Но бидејќи трките беа пролонгирани, Ducati одлучи да го замени Петручи со Џек Милер дури и пред да се оддржи првата трка.

Со тоа, кариерата на Петручи во MotoGP беше доведена во прашање. Но преминот на Пол Еспаргаро во Honda, отвори место во КТМ.

Други возачи исто така беа во игра за испразнетата позиција во КТМ а меѓу нив беше и Андреа Довициозо. Желбата и мотивацијата на Петручи да настапи за фабрички тим кој нема завршено повисоко од шестата позиција беше одлучувачки фактор.

Се чини дека го направи вистинскиот потег...

 DSC3054 copy copy copy copy copy

До крајот на 2020-та, КТМ осум пати се искачи на подиумот и стигна до три победи, вклучувајќи две на Мигел Оливеира, чие што место во Tech3 ќе го наследи Петручи следната сезона.

„Ова беше навистина чудна ситуација“, изјави Петручи во однос на губењето на местото во Ducati уште пред да почне сезоната. „Но, се што се случи низ светот оваа година беше премногу чудно.“

„Секако дека денот кога Џиџи ми кажа дека повеќе нема да бидам дел од тимот се чуствував многу тажен. Но гледано од оваа перспектива, морам да му се заблагодарам бидејќи тоа ми овозможи да преминам во тим кој е многу компетитивен. На почетокот на сезоната никој не веруваше дека КТМ се брзи но на крајот видовме дека нивните резултати се одлични. “

„Затоа сум среќен што Џиџи ме отпушти на почетокот на сезоната.“

 DSC3913 copy copy

Иако Петручи стигна до неговата втора MotoGP победа оваа сезона, вели дека само на неколку трки се чуствувал добро на мотоциклот.

„Никогаш не успеав да го најдам вистинското чуство. Единствено комфорно ми беше на трките во Барселона и Ле Ман каде што секогаш сум компетитивен без разлика на тоа дали се вози на суви или влажни услови.“

„Главен проблем беше кај сопирањето. Проблеми имавме и на патеките во Валенсија и тука во Портимао. Мотоциклот е малку променет во споредба со претходната сезона. Искрено, не сум среќен бидејќи бев добар само на две трки. Но секогаш давав се од себе. “

Петручи, кој сезоната ја заврши на шеснаесетото место, после шест години ја завршува соработката со Ducati.

„Навистина е тешко особено кога ќе завршите на позиција која не носи поени. Цел викенд имав проблеми со мотоциклот. Сакав да бидам побрз но тоа беше максимумот. Не успеав да најдам добро темпо.“

„Но во секој случај, среќен сум што се заврши. Сакав тоа да биде на подобар начин но цел викенд имав проблеми.“

Petruci Main 25 11

Единствен проблем со успехот на КТМ оваа година е тоа што ја загубија техничката концесија за следната сезона и дека Петручи ќе мора да почека до фебруари и тестот во Сепанг за да дебитира со RC16.

„За жал КТМ ја загуби концесијата и затоа ќе мора да почекам пред да го испробам мотоциклот “, потврди Петручи. „Но следната недела ќе возам низ тунелот за тренинг. Тоа добро ќе ми дојде бидејќи минатата сезона имав проблем со максималната брзина.“

Од друга страна, Петручи планира возење на Мотокрос да му биде дел од зимските подготовки.

„Не знам дали ќе биде возможно да ја напуштам Италија. Во моментов, се надевам дека ситуацијата низ светот ќе се подобри. Тоа е најважно.“

Откако минатата сезона ја заврши на шестата позиција, оваа година Петручи падна на дванаесетотото место. Покрај Петручи, и Довициозо успеа да дојде до победа на трката во Австрија.

На крајот тој заврши на четвртото место во генералниот пласман и се очекуваше дека и во иднина ќе биде дел од тимот.

Но наместо тоа, возачот со број 4 ги прекина преговорите со тимот. Тоа значи дека следната сезона, Ducati ќе има нова постава на возачи и за нив ќе настапат Џек Милер и Франческо Бањаиа.

Back To Top