MotoGP

Преглед на MotoGP сезоната - KTM

Во вториот дел од прегледот на новата MotoGP сезона ги разгледуваме шансите на КТМ, фабриката која го прошири своето присуство на патеката...

Следете нè на:

 

Тим: Red Bull KTM Factory Racing

Возачи: Пол Еспаргаро, Јохан Зарко

Тест возачи: Мика Калио, Дани Педроса

Мотоцикл: КТМ RC16

Најдобро пласиран возач во 2018 година: Пол Еспаргаро, 14-та позиција

Најдобар резултат во 2018 година: Пол Еспаргаро, 3-то место

Најдобар резултат на тестовите; 13-ти (Валенсија), 17-ти (Херез), 17-ти (Сепанг), 8-ми (Катар)

За сите возачи во серијата, место во некој фабрички тим е од голема важност. Но да се биде во таква средина не значи дека имате неограничени можности. Голем дел од работата која се врши во текот на тркачкиот викенд поминува незабележано.

Најдобар пример за ова беше Пол Еспаргаро на патеката во Андалузија. Поранешниот Moto2 шампион помина два дена на патеката во Херез тестирајќи голем број на додатоци бидејќи поради повреда претходно не беше во можност да го стори истото.

А сето ова се случуваше во истиот период кога се уште ги чувствуваше последиците од тешкит пад кој го имаше на патеката во Брно. „Особено после првиот круг, кога ја наведнав главата надолу, имав некое чудно чувство во рацете“, изјави Еспаргаро. „Морам добро да се одморам бидејќи ова беше најтешката сезона во мојата кариера. За среќа не е потребна операција туку само добар одмор.“

KTM Preview Txt 3 05 03 2019

Зимската пауза дојде во вистински момент со оглед на неможноста да се стигнат ривалите како и првичните проблеми на Јоан Зарко со прилагодувањето на RC16. Голема работа ги чекаше и инжинерите на тимот кои мораа да одлучат каков ќе биде развојот на мотоциклот бидејќи стиловите на двајцата возачи се сосема различни.

„Предсезонскиот тест реално се фокусираше не на два правци туку на две различни области“ , изјави Себастијан Рисе, лидер на KTM MotoGP проектот. „Секако, од една страна имаме нов возач и се обидовме да го прилагодиме мотоциклот колку што можеме според неговите потреби. Ни требаше малку време додека да го најдеме вистинскиот правец на кој се сложуваат и двајцата возачи. Во суштина, ова беше целта која требаше да ја исполниме до крајот на 2018 година. Во 2019 година треба да донесеме само неколку делови кои ќе ни помогнат.“

Но дури на последната вечер од тестот во Катар се виде потенцијалот на RC16. Сезоната која престои ветува многу пред се поради зголеменото присуство на тимот на патеката. Мораме да има признаеме на првите луѓе на екипата кои успеаа во своите редови да го донесат Зарко во исто време кога за него се интересираа Honda и Suzuki. Создавајќи партнерство во Tech3, бројот на мотоцикли кои ќе се најдат на патеката ќе се искачи од два на четири. Ова е уште еден голем успех. Да не заборавиме на ова да го додадеме и потписот со Дани Педроса. И покрај тоа што повредата го спречи да биде дел од предсезонските тестови, Еспаргаро не го крие ентузијазмот кој го има неговиот сонародник за новиот проект. „Иако е повреден, Дани е тука со нас. Разговара со инжинерите.“  

KTM Preview Txt 4 05 03 2019

Иако сезоната се уште не е официјално почната, извршниот директор на КТМ, Стефан Пиерер, ги престави целите за во иднина: „Ова е пет годишна програма и до крајот на овој период сакаме да видиме неколку места на подиумот. За престојната сезона, сакам да видам добри резултати.“ До крајот на тестовите, Еспаргаро заостануваше само половина секунда во однос на најбрзиот возач. После тешката втора сезона, КТМ ќе треба да покаже напредок и да се врати меѓу најдобрите тимови во серијата.

Новите возачи им поставија интересна дилема на инжинерите. Да ги позајмиме зборовите на Рисе: „Пол е животно а исто така и неговиот мотоцикл. Двајцата одлично се вклопуваат.“ Зарко од друга страна многу зависи од брзината која ја има во свиоците.

Првичните проблеми на Зарко и Хафиз Сиахрин покажаа дека прилагодувањето на RC16 воопшто не е лесно.„Тие речиси и да мораат да заборават се што имаат научено претходно бидејќи мотоциклите на Yamaha и КТМ се сосема различни“, изјави Ерв Поншарал, шефот на Tech 3.

„Инжинерите напорно работеа на управувањето на мотоциклот“, изјави Еспаргаро во однос на реакцијата која ја има машината после притискањето на гаста. „За време на зимската пауза тие се фокусираа на тој проблем. Сега сме многу подобри.“ Во Катар, тој ќе може да користи помека задна гума без да се плаши дека ќе ја прегрее. „Првиот контакт со гаста е многу подобар.“

Каталонецот исто така вели и дека мотоциклот на некој начин е многу помирен. „Се движиме многу побрзо но мотоциклот е стабилен. Добро е чувството. Мислам дека сме на добар правец.“

Рисе се осигура дека карактеристиките на мотоциклот ќе му одговараат и на Зарко. „И двајцата не сакаме да правиме компромиси. Во голем дел тој го задржа својот стил возење но промени неколку работи бидејќи знае дека тоа ќе му помогне. “

KTM Preview Txt 1 05 03 2019

После тестот во Валенсија минатиот ноември, Зарко изјави: „Полошо е отколку што очекував.“ Навикнат на предностите кои ги имаше шасијата на Yamaha, двојниот Moto2 шампион веднаш ги забележа недостатоците при вртењето како и чувството кое го дава предниот дел од мотоциклот.

Тежок старт но од тогаш Зарко постојано бележи напредок. На патеката во Сепанг, Французинот направи голем исчекор во однос на самодовербата која ја има со предниот дел. „Кога влегував во свиок, работите ми доаѓаа природно. После тоа можев да се фокусиран на останатите делови“, изјави тој.

За време на вториот ден во Катар, тој направи дополнителен напредок во однос на задниот дел од мотоциклот. Но падот кој го имаше на последниот ден го попречи тој напредок. „Го имав мотоциклот под контрола но загубив многу брзина при влегувањето во свиок. Кога сакам да бидам побрз, мотоциклот едноставно не го дозволува тоа. Понекогаш можам да променам неколку работи но едноставно не сакам да го направам тоа. Во однос на перформансите, тешко е да се достигнат.“ Имаше и големи промени на неговиот стил на возење, главно при излегување од свиок. „Мислам дека на тестот во Сепанг, видовме големи промени на неговиот стил на возење“, изјави Рисе. „Начинот како вози со мотоциклот, го немам видено така додека беше дел од Yamaha.“

KTM Preview Txt 2 05 03 2019

Настапот во Катар исто така потврди и дека Зарко ги прекина сите врски со Лорен Фелон, негов долгогодишен менаџер и тренер. За возач кој во суштина беше израснат од ексцентричен поранешен натпреварувач, ова преставува голем чекор напред.

„Поделивме се“, потврди тој во Катар. „Сега имаме нова ера и моравме да донесеме одлука во текот на зимската пауза. Среќен сум со правецот по кој се движам. Мислам дека имам доволно искуство сега за да можам самостојно да ги анализирам податоците и навистина сум задоволен од тоа како возам. Не можам да кажам дека не ми треба никој но сега го имаме Мика Калио. Неговите коментари се различни од оние на Лорен. Мика многу повеќе се фокусира на деталите.“

Со оглед на тоа дека најдобар резултат за време на тестовите му беше седумнаесетата позиција, тој е се уште далеку од успехот кој го постигна во изминативе две сезони.

Мораме да ја споменеме и соработката меѓу Tech 3 и Австриската компанија. Пит Беирер уште од самиот старт призна дека неговите возачи ќе настапуваат со повеќе или помалку идентични машини како оние на Еспаргаро и Зарко.

„Првото нешто кое Пит го направи на тестот во Валенсија беше тоа што дојде во нашата гаража. Ги повика сите да присуствуваат и потоа оддржа говор“, изјави Поншарал. „Пит рече дека на патеката следната сезона ќе има четири мотоцикли на КТМ. Нема да има никаква разлика за мотоциклите кои се дел од Tech 3. Се што сакаме е победа за КТМ. Нема никаква разлика дали тоа ќе го направи Tech 3 или фабричкиот мотоцикл. Тоа беше навистина добар говор.“

KTM Preview Txt 5 05 03 2019

Во однос на доприносот кој го има Tech 3 во развојот на мотоциклот на КТМ, Рисе вели дека на крајот сами ќе се покажат резултатите. „Се уште не сме го достигнале врвот.  Возачите, но и целата екипа на Tech 3, мораат добро да се прилагодат пред да се види вистинскиот напредок. Веќе разменуваме податоци во однос на тоа што е добро. Со четворица возачи, многу побрзо се развива целиот процес. “

Во однос на пласманот кој го очекуваат во престојната сезона, Рисе изјави: „Тоа е навистина тешко да се каже. Мислам дека е полесно во споредба со минатата година. За време на зимската пауза со Пол видовме дека можеме да бидеме меѓу најдобрите десет на патеката. “

„Минатата сезона имавме одличен крај. Но и другите тимови забрзано работат. За да се надмине таа разлика, сакаме постојано да бидеме меѓу најдобрите десет возачи и постојано да се бориме да имаме што е можно подобри резултати.“

Би можело да ве интересира

Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите.

Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.

Алваро Баутиста продолжува со перфектниот старт на новата сезона и стигна до нов хет трик од победи.

FIM потврди дека жалбата која тимовите ја поднесоа против Ducati ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд надлежен за MotoGP а сослушувањето треба да се одржи овој месец.

Алваро Баутиста го претекна Џонатан Реа и се најде на првото место по завршувањето на слободниот тренинг во Тајланд. Двајцата возачи постојано го подобруваа своето време.

Тимскиот менаџер на Suzuki, Давиде Бривио, тврди дека новиот уред на мотоциклот на Ducati има врска со аеродинамиката. Вели дека Suzuki поднесе жалба со цел засекогаш да се реши проблемот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.