Патеката „Termas de Río Hondo“ во Аргентина ќе биде домаќин на втората трка од МотоГП шампионатот за 2018 година.

Изградена во 2008 година, патеката „Termas de Río Hondo“ се простира на површина од 150 хектари. Во 2012 започна модернизација на патеката која вклучуваше проширување и нова подлога која ја направи најдобра патека во Латинска Америка.

termas argentina

Има должина од 4,8км, а составена е од 14 свиоци од кои 5 се леви, а 9 се десни. Најдолгиот правец изнесува 1076 метри, најголемата забележана брзина изнесува 334,4км/ч, а рекордот на патеката изнесува 1'39.019 и е во сопственост на Валентино Роси од 2015 година.

Возбудувањата викендов започнуваат во петок, според следниот распоред:

Петок 06.4.2018 | СпортКлуб 3
14:00 MOTO 3 – Тренинг 1 
14:55 MOTO GP – Тренинг 1
15:55 MOTO 2 – Тренинг 1
18:10 MOTO 3 – Тренинг 2
19:05 MOTO GP – Тренинг 2
20:05 MOTO 2 – Тренинг 2

Сабота 07.4.2018 | СпортКлуб 3
14:00 MOTO 3 – Тренинг 3
14:55 MOTO GP – Тренинг 3
15:55 MOTO 2 – Тренинг 3
17:35 MOTO 3 – Квалификации
18:30 MOTO GP – Тренинг 4
19:10 MOTO GP – Квалификации
20:05 MOTO 2 – Квалификации

Недела 08.4.2018 | СпортКлуб 3
17:00 MOTO 3 – Трка 
18:20 MOTO 2 – Трка
20:00 MOTO GP – Трка
Back To Top