MotoGP

Распоред за следење на МотоГП Јапонија

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Следете нè на:

 

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Земјата од која доаѓаат три производители во МотоГП со право може да се нарече моторџиска, со самото тоа Твин Ринг Мотеги претставува трка која треба да ја ставите во листата на работи кои морате да ги посетите барем еднаш во животот.

motegi gp

Трките на Мотеги се оддржуваат од 1999 година, а во Јапонија Гранд При трките се присутни од далечната 1963 кога се возеле на популарната Сузука.

Патеката со должина од 4800 метри има ширина од 15 метри, а составена е од 14 свиоци од кои 6 се леви, а 8 десни. Најдолгиот правец изнесува 762 метри, рекордот на патеката кој изнесува 1'45.350 е во сопственост на Хорхе Лоренцо кој за жал заради повредата на раката го откажа настапот во Јапонија. Најголемата брзина забележана на Мотеги изнесува 314 км/ч.

Возбудувањата во Јапонија ќе се одвиваат по следниот распоред:

Петок | СпортКлуб 2
02:00 МотоГП Јапонија: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1
02:55 МотоГП Јапонија: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2
03:50 МотоГП Јапонија: MOTO GP – ТРЕНИНГ 1
06:10 МотоГП Јапонија: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2
07:05 МотоГП Јапонија: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2
08:05 МотоГП Јапонија: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2
Сабота | СпортКлуб 2
02:00 МотоГП Јапонија: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3
02:55 МотоГП Јапонија: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3
03:55 МотоГП Јапонија: MOTO GP – ТРЕНИНГ 3
05:35 МотоГП Јапонија: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ
06:30 МотоГП Јапонија: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ
07:10 МотоГП Јапонија: MOTO GP – ТРЕНИНГ 4
08:05 МотоГП Јапонија: MOTO GP – КВАЛИФИКАЦИИ
Недела | СпортКлуб 1
05:00 МотоГП Јапонија: MOTO 3 – ТРКА
06:20 МотоГП Јапонија: MOTO 2 – ТРКА
08:00 МотоГП Јапонија: MOTO GP – ТРКА

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На почетокот од месецов во Скопје се оддржа првиот Тренинг за безбедно управување мотоцикли во организација на мото клубот Безбедност.

Хорхе Лоренцо ќе се повлече од мото трките.

Валентино Роси дојде до моментот кога треба да одлучи  дали ќе ја продолжи MotoGP кариерата или ќе замине во пензија. Поранешниот ривал Макс Бијаџи има поинаква идеја.

Меморандумот ги поставува основите за нова земја да може да се приклучи на календарот.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.