MotoGP

Разгледувањето на жалбата против Ducati ќе се одржи пред трката во Аргентина

FIM потврди дека жалбата која тимовите ја поднесоа против Ducati ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд надлежен за MotoGP а сослушувањето треба да се одржи овој месец.

Следете нè на:

 

FIM потврди дека жалбата која тимовите ја поднесоа против Ducati ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд надлежен за MotoGP а сослушувањето ќе се случи овој месец, пред да се одржи Гран При трката на Аргентина.

Четири производители, Aprilia, KTM, Honda и Suzuki, веднаш по завршувањето на трката во Катар поднесоа жалба поради аеродинамичниот додаток на мотоциклот на Ducati.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио неодамна изјави дека жалбата се должи на фактот дека верува дека новиот додаток на мотоциклот ја подобрува аеродинамиката, а тоа е во спротивност на правилата.

Возачите на Ducati го користеа новиот уред за време на првата трка од сезоната која се возеше на патеката во Катар. Андреа Довициозо победи а неговиот тимски колега, Данило Петручи заврши на шестата позиција. Возачот на Pramac Ducati, Џек Милер, кој исто така го користеше новиот додаток, предвреме ја заврши трката.

Ducati Appeal Txt 18 03

Жалбата која беше поднесена веднаш по завршувањето на трката беше одбиена од страна на стјуардите. Четирите производители не беа задоволни од ваквата одлука и веднаш поднесоа нова жалба. Целиот случај сега е префрлен на Апелацискиот суд задолжен за MotoGP.

Во новото соопштение кое го испратија од FIM се вели дека предметот ќе го разгледуваат тројца судии а сослушувањето ќе се оддржи до почетокот на трката во Аргентина.

Во моментов се уште не е познато кои ќе бидат судиите кои ќе одлучуваат по однос на жалбата а се знае само дека на сослушувањето ќе присуствуваат преставници на четирите фабрики.

Спортскиот директор на Ducati, Паоло Чиабати, инсистира дека единствена задача на уредот а да ја лади задната гума. Вели дека бил запознаен со одлуката на конкурентите да поднесат жалба доколку тимот го употреби уредот.

Се верува дека сослушувањето е намерно одложено со цел да се разјаснат правилата и на кој начин производителите можат да се подобрат во овој оддел.

Би можело да ве интересира

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Би сакал тогаш да го знаев она што го знам сега.

„Се обидовме да работиме на електрониката. Исто така најдовме и подобар баланс во споредба со минатата година. Мотоциклот работи подобро.“ - Валентино Роси.

Се повеќе и повеќе земји ширум светот сакаат да станат дел од MotoGP.

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.