Хорхе Лоренцо ќе се повлече од мото трките.

Хорхе Лоренцо ќе се повлече од мото трките. 32 годишниот Шпанец одлучи да ја заврши кариерата како резултат на лошата сезона во Repsol Honda, неколкуте повреди како и неможноста да се прилагоди на мотоциклот.

„Од секогаш сум сметал дека за секој возач има четири важни денови“, изјави Лоренцо на пресконференцијата во Валенсија. „Првиот ден е вашата прва трка, вториот ден е првата победа а потоа следува првата светска титула. За жал не може секој да ја освои титулата но на некои од нас тоа им успеа. Последниот важен ден е кога ќе се повлечете од тркањето.“

Одлуката за повлекување се должи на фактот дека повеќе ја нема енергија која е потребната за да се натпреварува на врвно ниво. „Се започна кога имав три години а еве веќе 30 години целосно сум посветен на овој спорт.“

„Луѓето кои соработуваат со мене знаат каков перфекционист сум и колку енергија вложувам“, вели Лоренцо.

„Тоа бара голема мотивација. Токму и затоа после девет години во Yamaha, кои морам да признаам дека можеби и беа најдобрите во мојата кариера, почувствував дека ми треба нов предизвик.“

„Затоа сакав да преминам во Ducati. Тоа ми даде мотив да продолжам да се борам иако резултатите не беа онакви какви што очекувавме. Сепак продолжив да се борам и на крајот успеав на фановите на Ducati да им ја донесам победата на патеката во Муџело.“

Lorenco txt 1 15 11

„Преминот во Honda исто така ми ја зголеми мотивацијата. Ми се исполни една од желбите која ја имаат сите MotoGP возачи, а тоа е да бидете дел од HRC. За жал многу брзо после тоа следуваа и големиот број на повреди и тоа ме спечи да дојдам до посакуваната форма.“

„И мотоциклот не ми одговараше. Имав многу проблеми да бидам компетитивен. Но ниту еднаш не го загубив трпението и продолжив да работам напорно надевајќи се дека работите ќе дојдат на свое место. “

Несреќите во Барселона и Асен , беа катализатор кои го натераа да ја преиспита желбата да продолжи да се трка.

„Кога почнав да гледам светло на крајот на тунелот се случи падот во Монтмело. Неколку дена подоцна паднав и во Асен.“

„Морам да признаам дека кога станував од асфалтот си помислив дали сето ова вреди. После се што постигнав во кариерата дали треба вака да се мачам? Доста ми е од се. Повеќе не сакам да се тркам.“

Lorenco txt 2 15 11

Сепак, пред да ја донесе конечната одлука му требаше доста време. Сакаше да биде сигурен дека одлуката ќе биде исправна.

„Кога се вратив дома си реков дека ќе си дадам уште една шанса. Не сакав одлуката да ја донесам пребрзо. Затоа продолжив да возам. Но морам да кажам дека после тој момент ја немав истата мотивација, го немав трпението кое е потребно.“

Лоренцо се заблагодари на Honda кои вложија многу пари и време во него.

„Жал ми е за Honda, особено за Алберто бидејќи тој ми ја даде шансата да настапам за тимот. Се сеќавам на Монтмело, кога го имавме првиот состанок. Му реков да ми верува бидејќи јас сум вистинскиот возач за тимот. Верувај ми и нема да зажалиш.“

„За жал, морам да признаам дека го разочарав. Ја разочарав Honda и сите кои се дел од тимот. Но мислам дека одлуката е исправна. Honda и Хорхе Лоренцо не можат да се обидат само да освојуваат поени. Мораме да се бориме за титулата а не можеме да го сториме тоа. “

Одлуката следува по неколку бурни години во кариерата на Лоренцо.

Се започна со одлуката да ја напушти Yamaha и чувството кое го имаше дека ја нема целосната поддршка од тимот. Во 2015 година тој ја освои титулата а зад него беше тимскиот колега Валентино Роси.

На стартот на 2016 година потпиша за Ducati а во Италијанската компанија требаше да премине во 2017 година.

Lorenco txt 3 15 11

Лоренцо имаше тешка прва година во Ducati и не можеше лесно да се прилагоди на мотоциклот. Но и покрај сите проблеми имаше знаци на надеж а првата година ја заврши со три места на подиумот. Но после конфликтот со првиот човек на тимот, Клаудио Доменикали, одлучи да си замине по завршувањето на сезоната 2018.

На трката во Муџело, Лоренцо ја постигна првата победа во тимот на Ducati. Потоа победи и на следната трка која се возеше во Барселона. Сезоната ја заврши со три победи. Но успехот стигна предоцна, веќе имаше потпишано договор со Repsol Honda.

После ветувачките пост сезонски тестови во Валенсија и Херез, сезоната 2019 не започна онака како што очекуваше. За време на тренинг, тој доживеа скршеница на раката. Го пропушти тестот во Сепанг и единствено настапи само на тестот кој се одржа на патеката во Катар.

Лоренцо никогаш целосно не се прилагоди на мотоциклот иако на почетокот на сезоната имаше напредок. Но работите станаа полоши во Барселона.

За време на тестот, возачот на Repsol Honda имаше голем пад и заработи повреда на рбетот. Две недели подоцна, во Асен, повторно падна и претрпе повреда на вратот. Тој никогаш не се опорави целосно од таа несреќа. Имаше мала самодоверба и постојано стравуваше дека може да дојде до нов пад. Иако повеќе немаше болки, сепак сомнежот остана.

Лоренцо за малку не претрпе повреда на рбетниот столб, повреда поради која можеби никогаш повеќе немаше да може да се движи. Повреда на рбетот и повреди на главата се двете нешта од кои мотоциклистите најмногу се плашат. Болка можат да издржат но повредите кои целосно го менуваат живот се нешто поинаку.

Lorenco txt 4 15 11

Со тоа доаѓаме до крајот на една неверојатна тркачка кариера. Хорхе Лоренцо беше израснат за да биде светски шампион а неговиот татко дури и напиша книга за тоа. Тој стана дел од Гран При трките во 2002 година. Следната година, на патеката во Бразил стигна до првата победа. Во 2004 година победи на три трки и се најде на четвртата позиција во 125cc шампионатот.

Во 2005 година Лоренцо премина во класата од 250cc. Многу брзо потоа следуваше успехот. Првата година додека се прилагодуваше,стигна до шест места на подиумот. Во следните две години ја освојуваше титулата.

Yamaha го препозна неговиот талент и во 2006 година потпиша договор со него. Во 2008 година Шпанецот му стана тимски колега на Валентино Роси во фабричкиот тим на Yamaha.

Ова беше старт на една тешка врска. Yamaha го донесе Лоренцо како еден вид на осигурување откако се појавија гласини дека Роси планира да премине во трките на четири тркала. Роси не го сакаше присуството на Лоренцо во тимот и активно работеше на тоа да го спречи трансферот.

Во 2007 година, тогашниот тимски колега на Роси, Колин Едвардс изјави дека ќе остане во тимот бидејќи Роси не го сака Лоренцо за нов тимски колега.

А уште од самиот старт можеше да се види дека Роси не е среќен. Во 2008 година Италијанецот премина на пневматици на Bridgestone и бараше само тој да настапува со нив. Покрај ова, не дозволуваше никакво делење на информациите.

Lorenco txt 5 15 11

Лоренцо имаше одличен старт на MotoGP кариерата. На првите три трки од сезоната тој ја освојуваше пол позицијата.

Во Катар и Херез се најде на подиумот а веќе на третата трка која се возеше во Португалија, стигна до првата победа.И покрај несреќата која ја доживеа на следната трка во Кина, сепак успеа да дојде до четвртата позиција.

Во Барселона имаше уште една голема несреќа поради која заврши во болница. Од падот научи добра лекција а после шест трки, на патеката во Мисано, повторно се искачи на подиумот.

Во 2009 година го имаше првиот обид да дојде до титулата. Сепак на крајот заврши на втората позиција веднаш зад тимскиот колега Валентино Роси. Во 2010 година конечно ја исполни целта, ја освои титулата откако Роси ја скрши ногата во Муџело и пропушти три трки.

Тоа беше годината и кога Роси одлучи дека повеќе не сака да биде тимски колега со Лоренцо.Премина во Ducati и го замени Кејси Стонер кој отиде во Honda.

Стонер имаше одличен настап и му ја одзеде титулата на Лоренцо во 2011 година. Лоренцо возврати следната година и ја освои својата втора титула светски шампион. Тој стана првиот Шпанец кој освои неколку титули во премиерната класа.

Во 2013 година Марк Маркез го замени Стонер.Тоа беше нов удар врз Лоренцо со оглед на тоа дека Маркез во својата прва сезона успеа да дојде до титулата.

Таа година се случи можеби одлучувачката работа во кариерата на Лоренцо. За време на дождливиот тренинг во Асен, тој излета надвор од патеката и ја скрши клучната коска. Очаен да продолжи да се бори за титулата, замина за Барселона каде што му беше вметната титаниумски плочка, а веднаш потоа се врати во Асен. Саботниот тренинг го заврши на осмото место а трката ја стартуваше од последниот ред. И покрај сите сомнежи, трката ја заврши на петото место и загуби само два поени во однос на лидерот на табелата, Дани Педроса.

„Направив нешто еверојатно и докажав дека умот може да го придвижи телото до самите граници“, изјави Лоренцо по завршувањето на трката.

Но падот имаше голема цена. Две недели подоцна, Лоренцо повторно падна за време на тренинг и повторно го повреди истото место.Овој пат не замина на операција и се обиде да се трка. Но наместо тоа на патеката се врати една недела подоцна.

После падот во 2013 година, Лоренцо повеќе ја немаше истата самодоверба кога настапува на лоши временски услови. Тој беше брз кога е суво но на влажни услови се мачеше.

2014 беше година посветена на опоравување откако во текот на зимата имаше неколку операции. На патеката во Сепанг се појави надвор од форма и со преголема тежина. Му требаше една сезона за да се врати во посакуваната форма.

Lorenco txt 6 15 11

Но сепак таа година го искористи лошиот настап на Honda и успеа да го победи Маркез во борбата за титулата. Но и тоа не помина без контроверзи, судирот меѓу Роси и Маркез. Лоренцо се обидуваше да ја намали разликата во однос на Роси додека пак Италијанецот се жалеше на настапот на Маркез на трката која се оддржа на Филип Ајленд. Казната која му беше доделена на Роси на трката во Сепанг му ја обезбеди новата титула на Лоренцо.

Од тогаш кариерата на Лоренцо ја одбележуваат скандали, едне по друг. Шпанецот изјави дека нема дволна поддршка од тимот и одлучи да премине во Ducati.

Таму го привлече Џиџи ДалИгна но и платата во висина од 25 милиони долари за две години. ДалИгна веруваше дека Лоренцо е последното делче од мозаикот и возачот кој ќе му ја донесе титулата на тимот.

Но првиот човек на тимот, Клаудио Доменикали не се согласуваше со ваквото мислење. Искуството кое го имаше со Роси го натера да биде скептичен во однос на оваа стратегија. Иако Лоренцо покажуваше знаци на напредок, Доменикали немаше трпение и упати неколку забелешки кон Шпанецот.

Но тие забелешки ја повредија гордоста на Лоренцо. Во Барселона тој се сретна со првите луѓе на Honda и потпиша договор дека ќе настапи за нив во сезоните 2019 и 2020.

Но веќе на следната трка во Муџело, се промени сезоната за Лоренцо. Тој стигна до победата и покажа дека може да биде возачот кој ќе ја прекине доминацијата на Маркез и Honda. Но на крајот не испадна така.

Што е тоа што Лоренцо ќе го остави зад себе? Заедно со Валентино Роси , Дани Педроса и Кејси Стонер, се единствените возачи кои победиле на речиси секоја трка во периодот помеѓу 2007 и 2012 година. Другите возачи имаа многу малку шанси да дојдат до победата.

Lorenco txt 7 15 11

Лоренцо исто така е и важна личност во историјата на Шпанските мото трки. Тој беше првиот MotoGP шампион кој доаѓа од Шпанија. Тој исто така е и првиот Шпански возач кој освоил неколку титули. Но пред се, тој ќе остане запаметен по времето кое го помина во Yamaha. Никој возач не успеа да се доближи до неговиот стил на возење, способноста за нагло сопирање и излегувањето од свиоците.

Неговата брзина во свиоците беше легендарна. „Единствено кога ми успеало да го навалам мотоциклот исто колку и Лоренцо , е во моментот пред да паднам“, изјави Кал Кратчлоу. „Тој беше толку добар во тоа.“

Лоренцо беше и помалку чуден карактер. Можеби тоа се должи на неговото воспитување. Неговиот татко уште од рана возраст го тераше напорно да работи и да тренира со цел да израсне во MotoGP шампион.

Хорхе Лоренцо ја испони таа цел па дури и ги надмина очекувањата. Според неговите зборови, тој не е само добар возач туку и одличен шампион.

Back To Top