Дека Валентино Роси и Марк Маркез се меѓусебни фанови е добро познат факт. Италијанецот често го споредува MotoGP дебитантот со него кога бил на помлади години.

rossi-sepang2

Дека Валентино Роси и Марк Маркез се меѓусебни фанови е добро познат факт. Италијанецот често го споредува MotoGP дебитантот со него кога бил на помлади години.

За време на последниот ден тестирање во Сепанг, двајцата возачи се бркаа меѓусебно, и иако тоа не беше вистински дуел – а се надеваме дека ќе видиме повеќе такви ситуации во текот на сезоната – двајцата возачи научија повеќе еден за друг.

Маркез изјави за новинарите дека и покрај тоа што возеше позади Роси само три круга, научил многу од MotoGP ветеранот. „Многу бев среќен за тоа иако на почетокот беше малку чудно.  Најпрвин тој беше напред,  а потоа јас бев пред него. Беше навистина добро бидејќи видов возач со големо искуство и научив многу работи за само три круга колку што бев позади него. Во некои свиоци не влегував правилно и премногу компликував. Тој тоа го правеше многу полесно и побрзо. Научив многу работи“.

marquez-2013-Sepang-1-D2-Pic-4

Роси исто така зборуваше за средбата во која и двајцата искочија од гаражите заедно, а Маркез го остави Роси да биде прв пред да ги заменат местата. „Беше навистина смешно гледајќи го одзади. Навистина уживав бидејќи неговиот стил на возење е спектакуларен. Многу ми се допаѓа како вози. Вчера му кажав дека оваа година можеме да се натпреваруваме и да уживаме. Вози многу слично како Стонер. Секогаш ја допира патеката со неговиот лакт. Навистина е многу добар и веќе е многу брз. Тој е посебен бидејќи има чуден стил на возење,можеби нешто ново. Хорхе и јас имаме повеќе класичен стил на возење, но стилот на Маркез е нешто поинакво.“

Back To Top